|

Чија клетва нав врат ни легна та пуста судба лошо не стегна И која ли коба зло ни прокоби сами да си ставаме сопки и окови Од наш ли беше клетва, од душман ли клет Од дома да ни е помило и џенем усвет За дома спомени да пееме свети А да ги газиме домашните адети. Од татковината туѓина направивме Ме мачи глабоко ја заглавивме. Како сме забраздиле по туѓи угари Заборавивне на своите другари И на нив по нас копнежот им мина За излез се запишаа бугари Кој од нас алката мајчинска ја скина Се трпки по снагата ми врват сувомразица душата ми ја мрзни А срцето страдално се бори Недај Боже, страв ме фаќа болен Да не се предаде – да се покори. И така, во главата врие Во душата боли, кај одиме ние. Во гради се пластат и лежат Црнила мисли што морно ми тежат И како во бунило мачно Барам зрак надеж низ пердето мрачно; Недај боже да ни догори копнежот за Македонија Од проклетство да остане песната не допеана Да ни се намножат устите а ни секне јазикот При наши свети Цркви во туѓи на Бога да се молиме. Наместо на нашите могили на туѓи венци да ставаме Од едно дрво да се раѓаме а да не се познаваме. Да се дружиме со туѓинци а свој да не се признаваме Да се посреќни родителите при разделбите Ах, клетва, коба – прокоба, Не ќе да е само од душман и од Бога Ами повеќе од самите себе Ех Боже пресвети спаси не од мизеријата. Се плашам, ќе не снема дури да ја најдеме иднината во одвеаната пепел на империјата. Боже! кому да се помолам за спас ако не Тебе?
Шифра: Спаси Боже
Крсте Наумоски |