|
Ушче ко си беф малечек, От клас си писка напраиф. Со неја свиреф, подскаквеф, И по зелени ледини Си трчах по преперуги.
Достигне други години; Да свира мило ми беше. Радосен свирка напраиф И со моите другари Играф со срце весело, Трчаф по поле широко, Шетаф по гори високи И низ езера поминаф.
Сега се други времина; Ја сега нејќу да трча, Не ми е мило да шета, Ни сака игри другарски. Сега шчо ми је најмило, Дружба да има шупељка, Да најда место високо, Под ладна сенка д’боа: Пред мене поле широко, Под ноѕе рече да течит, Над глаа ветар да шумит; И ја на д’бот навален Да свира со шупељката Как ќе ме учит срцево.
Константин Миладинов
|