|
Да ти ја плукнм содржината на идејата кога за мене никој не се стори жив! Да постоев во друго време можеби ќе ме трампеа за жито, за буре вино, за зрно барут! Вака, бидејќи "сум ја сакал Татковината" ми ги замрзнаа коскиве. Се шмугаа обвинители во сонот бркаа ласици по волја на ветрогони! Помислувам: што дека сум поет? Да ти ја плукнам содржината на идејата! Смртта е една и единствена, неа не ја видел досега никој, па дури ни оној, распеаниот Орфеј.
Јован Котевски (од збирката Ралица, 1992)
|