Среда, 16 Декември 2009    Печати
Ласица во сонот
Да ти ја плукнм содржината на идејата
кога за мене никој не се стори жив!
Да постоев во друго време
можеби ќе ме трампеа за жито,
за буре вино, за зрно барут!
Вака, бидејќи "сум ја сакал Татковината"
ми ги замрзнаа коскиве.
Се шмугаа обвинители во сонот
бркаа ласици по волја на ветрогони!
Помислувам: што дека сум поет?
Да ти ја плукнам содржината на идејата!
Смртта е една и единствена,
неа не ја видел досега никој,
па дури ни оној, распеаниот Орфеј.

Јован Котевски       
(од збирката Ралица, 1992)