Четврток, 18 Јуни 2009    Печати
Промоција на Македонска Нација
promocija-na-mn-vovedВчера во МКЦ- Младински културен центар, се одржа промоција на возобновениот магазин „Македонска нација“, овој пат како интернет портал.

Како што беше предходно најавено, на промоцијата беа присутни дел од основачите на ВМРО ДПМНЕ, претставници од Кабинетот на Премиерот и Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, како и представници од кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, пратеници и голем број гости.

Промоцијата ја водеше Биљана Беличанец, а пригоден говор одржа г-динот Ставре Џиков.
По повод промоцијата на веб порталот, беа прочитани и извадоци од првиот број на весникот „Македонска нација“ (Зошто Македонска нација 1971). Сенко Велинов имаше свое обраќање кон публиката со извадок од „Зошто Македонска нација 2009“.

На промоцијата никој не остана рамнодушен кога Тихомир Стојановски, пренесе дел од биографијата на Драган Богдановски.

Завршниот дел од манифестацијата го приредија учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, со преставување на дел од традиционалната македонска, игра и песна.
Целокупниот настан, почнувајќи од двајцата чувари од фалангата, па се до крајот со настапот на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, беше одлично изрежиран и остави силен впечаток кај присутните.

promocija-na-mn2 promocija-na-mn1 promocija-na-mn3 promocija-na-mn4 promocija-ma-mn5 promocija-na-mn6 tiho promocija-na-mn7 promocija-na-mn9 igrimane1Emil_i_falangata