|
||||
Промоција на Македонска Нација |
![]() Како што беше предходно најавено, на промоцијата беа присутни дел од основачите на ВМРО ДПМНЕ, претставници од Кабинетот на Премиерот и Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, како и представници од кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, пратеници и голем број гости. Промоцијата ја водеше Биљана Беличанец, а пригоден говор одржа г-динот Ставре Џиков. По повод промоцијата на веб порталот, беа прочитани и извадоци од првиот број на весникот „Македонска нација“ (Зошто Македонска нација 1971). Сенко Велинов имаше свое обраќање кон публиката со извадок од „Зошто Македонска нација 2009“. На промоцијата никој не остана рамнодушен кога Тихомир Стојановски, пренесе дел од биографијата на Драган Богдановски. Завршниот дел од манифестацијата го приредија учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, со преставување на дел од традиционалната македонска, игра и песна. Целокупниот настан, почнувајќи од двајцата чувари од фалангата, па се до крајот со настапот на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, беше одлично изрежиран и остави силен впечаток кај присутните.
|