Историја
Среда, 16 Мај 2012 03:03   
Полибие за македонските кралеви

angelina-markusВо Енциклопедија Британика пишува дека е тој грчки државник и историчар. Роден 200 г. пр. хр. до 118 г. Заради нелојалност кон Рим бил депортиран во 168г., бил воспитувач на Сципион. Напишал  историја  во 40 тома, останале пет.

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:01   
Причини за проблемот со идентификацијата во минатото

Trijazicnik240Управниците на Отоманската империја, преку создавањето на Рум-милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дала на грчките црковни власти.

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:01   
Извештај за борбите водени со германско-балистичките сили во 1943 година

bataljonbozidaradzijace-240Во текот на Втората светска војна, воено-политичката активност во Македонија посебно се зголемува во првата половина на 1943 година. Се формираат нови и бројно се зголемуваат постојните партизански одреди. Во овој период на територијата на Македонија  дејствуваат Кичевско-мавровскиот, и Вториот кичевско-мавровски партизански одред; потоа, одредите „Дамјан Груев", „Гоце Делчев", „Добри Даскалов", „Сава Михаилов", Брегалничкиот, Кумановскиот, Скопскиот и Шарпланинскиот, а во Азот партизанската група, остаток од одредот „Димитар Влахов".

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:00   
Странски видни личности- подржувачи на Македонците

dokument-istorija-240При зацврстувањето на позициите на Македонците во светската научна јавност имале удел и странски видни личности кои ги подржувале македонците и македонскиот идентитет. Еден од позначајните подржувачи на македонците бил Вилијам Гладстон, кој во еден допис објавен во The Times во Лондон вели:

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2012 03:03   
Храмот на Артемида во Ефес

donskiм-р Александар ДОНСКИ

УДЕЛОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕДНО ОД СЕДУМТЕ СВЕТСКИ ЧУДА НА АНТИКАТА - ХРАМОТ НА АРТЕМИДА ВО ЕФЕС

Храмот на Артемида од Ефес бил прогласен за светско чудо на антиката дури откако бил обновен од страна на Александар Велики Македонски!

Храмот на Артемида во Ефес е едно од Седумте светски чуда на древнината. Ова светско чудо се наоѓало во градот Ефес (град што се наоѓал на денешниот брег на Турција на Егејското Море). Ефес бил едно од најголемите пристаништа во античкиот свет, а храмот на Артемида претставувал огромна градба посветена на божицата Артемида.

Всушност, отпрвин, овој храм претставувал мала градба, која датирала уште од 7 век пред Христа. Храмот отпрвин бил пос­ветен на божицата Кибела, која била славена од домород­ното насе­ление во тие краеви пред доселувањето на Грците во Анадолија. Овде треба да се каже дека дека Кибела всушност била божица на Фри­гијците, кои своевремено (под името Бригијци) живееле во Македонија и дале свој значителен крвно-културен прилог во древно-македонскиот народ. Подоцна дел од Бригијците се иселиле во Мала Азија, каде го добиле името Фригијци.

Кога дошле Грците во Ефес, тие на домородното население му ја претставиле божицата Артемида (без разлика на нејзиното потекло), по што Артемида била поистоветена со Кибела, па така храмот останал познат како Храм на Артемида.

Сепак, научниците сметаат дека Артемида од Ефес била поинаква од онаа што ја славеле Грците, затоа што Артемида кај Грците била славена како божица на ловот, а оваа во Ефес била божица на плодноста. Ова значи дека практично храмот на Артемида во Ефес (без разлика на своето име) бил посветен на божица на плодноста, т.е. на божицата која со голема почит ја славеле токму Бригијците (Фригијците).

artemida-efes

Во 550 година пред Христа овој храм бил проширен од лидискиот крал Крос. Големината на храмот била околу 73 х 141 метри и истиот бил украсен со 137 столбови, од кои 36 имале пластична декорација. Столбовите биле високи и до 20 метри. Бил опкружен со мермерни степеници кои воделе до големата тераса. Бил украсен со бронзени статуи изработени од познатите древни мајстори Праксител, Фидија и други познати скулптори, а имало и дела од сликарството.

Храмот бил четирипати поголем од Партенон во Атина и освен што служел како светилиште, служел и како пазар.

И ова светско чудо доживеало оштетување уште во времето на древнината. Храмот бил запален во 356 година пред Христа од страна на некој лудак, кој на тој начин сакал да си го овековечи името во историјата. Жителите на Ефес толку биле разгневени на својот сограѓанин, што забраниле да му се спомнува името и секој што ќе го спомнел неговото име можел да добие смртна казна. Подоцна храмот повторно бил обновен под надзор на познатиот архитект Скопас.

Каква е поврзаноста на Македонците со ова светско чудо?

Најнапред ќе кажеме дека древниот историчар Плутарх, пишува дека храмот на Артемида во Ефес изгорел точно на денот кога се родил Александар Велики Македонски! Во врска со ова, во биографијата на Александар Македонски (3 глава), Плутарх пишува:

Значи Александар се родил во почетокот на месецот Хекатом беон, што Македонците го викале Лоос, и тоа во шес­тиот ден, а тоа е истиот ден кога е запален храмот на Артемида”.

Плутарх пишува и дека божицата Артемида била презафатена, грижејќи се околу раѓањето на Александар, па затоа не помогнала да се спречи пожарот на нејзиниот храм.

Во 334-333 година пред Христа Александар Велики Македонски дошол во Ефес и понудил помош да се заврши реконструкцијата на храмот (која била во тек), но под услов неговото име да стои запишано на фасадата. Меѓутоа, жителите на Ефес отпрвин ја одбиле оваа понуда затоа што повеќе сакале да останат под власта на Персијците отколку да бидат окупирани од Македонците (што е уште еден од бројните докази дека древните Македонци не биле никакви Грци - во спротивно значителната грчка популација на Ефес ќе посакала да се спои со Македонците, а не да остане под власта на вечниот грчки непријател Персија, која всуш­ност им била “помила” од Македонците).

Сепак, Александар по­мог­нал во обновата на храмот и токму тогаш се смета дека овој храм го достигнал својот најголем зенит, поради што и бил прогласен за светско чудо.

По смртта на Александар Македонски Ефес долго време останал под власта на неговите наследници - македонски вла­детели, кои војувале помеѓу себе поради превласт над терито­риите од распаднатата Македонска империја.

Така, од 294 до 281 година пред Христа, Ефес бил под власта на Македонецот Лизимах, кој почнал да го обновува овој град во чест на својата сопруга Арсиноја. Тој успеал да изгради стадион, театар, агора и приста­ниш­те. Потоа Лизимах умрел, а Ефес се нашол во границите на Пергам­ското кралст­во, кое исто така било водено од Македонци (конкретно од македонската династија Аталиди).

Во 133 година пред Христа Ефес паднал во рацете на Римјаните, кои исто така воделе грижа за храмот на Артемида.

Во 262 година овој храм бил целосно уништен од Готи­те, но жителите на Ефес се зарекле дека повторно ќе го обноват.

Но, во 4 век повеќето жители на Ефес веќе поминале во христијанството, така што овој храм ја загубил основната цел за своето постоење.

Денес постојат скромни остатоци од ова светско чудо, кои биле отк­рие­ни во втората половина на 19 век од страна на британските археолози.

1_66

Да резимираме дека поврзаноста на Македонците со ова свет­ско чудо е во фактот што токму Александар Велики Македонски по­могнал храмот на Артемида од Ефес да биде дограден во својот најголем сјај и токму како таков овој храм бил прогласен за светско чудо!

Впрочем, можеби не случајно овој храм изгорел токму на денот на раѓа­њето на Александар Македонски. Подоцна Македонците со децении го чувале овој храм во времето кога владееле со Ефес.

1_82

1_86

 
Среда, 09 Мај 2012 03:02   
Огледало на македонскиот живот во XIX век

182novoselo240Со реформите и развојот на производните сили и трговијата кон крајот на XVIII  и почетокот на XIX век во Османската империја, македонскиот трговец допира до развиените културни центри во Средна и Западна Европа. Нараснатата трговска соработка, на дневен план ја исфрлаат потребата од развој на просветното и црковното дело во Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2012 03:01   
Новиот преработен Устав на ВМОРО од 1908 година

UstavmakodrУСТАВ на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација.

(Преработен од Општиот конгрес во 1905 г.).

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2012 03:00   
Списание „Вардар“ - Изникнувањето и разбор на бугарцката и српцка теориіи за народноста на маќедонците

Vardar1-240Обіавено во списанието Вардар на 1 септември 1905 во Одеса. Иако на крај пишува дека статијата продолжува во следниот број, тој никогаш не излегол во печат.

Повеќе...
 
Среда, 02 Мај 2012 08:56   
109 години од смрта на Гоце

goce-delcev-sarkofag-240Се навршија 109 години од херојската смрт на Гоце Делчев, најголемиот македонски син, првоапостолот на македонската револуционерна народноослободителна борба. Со длабок пиетет денес се чествува делото на овој автентичен водач на Македонското револуционерно движење, чии дела оставија трајни белези кај македонскиот народ. Неговите дела, стремежи и визии, беа и ќе бидат вистински патоказ за досегашните и идните македонски генерации.

Повеќе...
 
Среда, 02 Мај 2012 08:32   
Легендарниот македонски град Лебаја

lebaja240Македонскиот град, Лебаја, е познат од митологијата, но и со првиот историски потврден македонски крал Пердика I. Тој, според преданието што ни го раскажува Херодот, се наоѓал во Горна Македонија. Локацијата на овој град не е утврдена, а нема ниту историски извори за неговото постоење, освен извесни ономастички појави на просторот на Воденско, Костурско и други места.

Повеќе...
 


Лист 1 од 34

На прво место

News image

Република Македонија меѓу четирите држави со најбрз развој на интернет услугите во светот

На Светскиот самит за информатичко општество одржан во вторникот во Женева Република Македонија од с...

Историја

News image

Полибие за македонските кралеви

Во Енциклопедија Британика пишува дека е тој грчки државник и историчар. Роден 200 г. пр. хр. до 11...

Иселеници

News image

Фатална дилема за претседателот Барак Обама

Претседателот Барак Обама, после самитот во Чикаго, ке ги ...

Култура и туризам

News image

Македонската жена во 16 век

Гордана Димовска       Низ вековите  македонската традиционална облека привлекувала огромно вни...

Фељтон

News image

Македонската Јованка Орлеанка - Катерина Арнаудова (1)

Во статија со наслов "Македонските Јованки Орлеанки" (стр. 5) објавена во весникот ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.