Историја
Среда, 19 Јули 2017 06:51   
Број на борби, атентати и убиени борци за време на Илинденскиот период

bitolski-revolucioneri-240По бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби — 70 и паднаа најмногу востаници — 378.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јули 2017 06:48   
„Трет востанички округ - Беласица“

200px-Krastyo Asenov Sliven IMAROНа 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јули 2017 03:01   
Милојевиќ: Миграцијата на славјанското население во јужна Македонија

milojevic-180

„Во „Предговорот“ се истакнати сите неповолни прилики, поради кои не било возможно да се утврди потеклото на целото население во селата. Во поедини села е забележано потекло на поедини семејства. На основа на тие податоци изведени се во овој дел некои заклучоци за правецот, времето и причините за миграција. Меѓутоа, овие податоци се недоволни да се утврди настанокот на населбите и да следи нивниот развој. Во другиот дел на овој труд, во еден посебен дел, разгледани се сите оние фактори, поради кои цели населби се изменети“ - пишува Б. Ж. Милојевиќ во својот труд за потеклото на населението, бројот на домаќинствата, и старите презимиња во Јужна Македонија (Егејскиот дел од Македонија).

Повеќе...
 
Среда, 12 Јули 2017 03:21   
Заедничка борба на одредите „Даме Груев“ и „Вичо“ против Итало-Германските окупатори за нивно истеруване од реонот Леринско-Костурски

Bitoljsko-prespanski partizanski odred-180Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ формиран е на 6 јули 1942 година кај селото Златари на планината Бигла, во ресенскиот крај. Наскоро по формирањето борците на овој одред ја извршиле првата успешна акција. Тие ја уништија општинската зграда и на 2 август 1942 година оддржаа митинг во селото Смилево, редното место на Даме Груев. Потоа одредот продолжува со нападите на Кажани (18 август), Златари (21 август), Сопотско (21 октомври) и други места. После тоа поделен во две групи се префрлил на територијата околу Ресен, која е под италијанска окупација.

Повеќе...
 
Среда, 12 Јули 2017 03:01   
„Прв востанички округ - Битолски“

dame-gruev-240На празникот св. Илија во Смилево со 200 востаници влегол Главниот штаб. Според турските документи при првиот напад на Смилево загинале 8 турски војници, а 14 биле ранети. На 3 август Генералштабот наредил евакуација на целото население кое не било способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно.

Повеќе...
 
Среда, 12 Јули 2017 03:00   
„Втор востанички округ - Кожув“

200px-Apostolvojvoda-240Подготовките за кревање на востание во Солунскиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите.

Повеќе...
 
Среда, 12 Јули 2017 03:00   
Милојевиќ: Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале

milojevic-180

„Кај јужно-македонските Славјани не е задушено чуството за поширока сродна заедница, за заедница надвор од жената и децата.... Задружниот живот им носи корист на сите членови. Задружните куќи по правило се најимотни, а старешината на куќата секогаш е „чорбаџија“. Од задружните куќи некои машки членови можат да заминат на печалба. Во Граждани, кога еден член на задругара ќе замине во Америка, неговата жена и деца остануваат во задругата. И кога ќе се врати од Америка, парите кои ги спечалил ги дава во задругата. Во поново време селаните увиделе дека задружниот живот и носи еште една голема корист. Кога еден од членовите на задругата замине во војска, велат дека неговата невеста и деца би умреле од глад доколку не ги храни свекорот (дедо) или деверот (стрико). -  пишува Б. Ж. Милојевиќ кој за време на Првата светска војна го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња во Јужна Македонија (Егејскиот дел од Македонија).

Повеќе...
 
Среда, 05 Јули 2017 03:21   
Милојевиќ: Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале

milojevic-180„Во народот се знае за многу случаеви на насилно чифлигување. Во Мало Езеро, во Дробетиште и во Трново се говори дека исламизираните Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале... Во тоа време Али Паша ги однел селаните од Палеор и тие морале да му ораат три години во селото Качки кај Јанина. За да се ослободат од оваа работа, Пелеорците се согласиле да му го дадат своето село на Али Паша како чифлик... За селото Техово, во солунската област, се раскажува дека на почетокот на 19 век било сосема слободно. Тогаш се појавиле Гегите и почнале да прават зулуми. Таховци потоа почнале да плаќаат по дванаесет турски лири годишно на двaјца Али Пашини луѓе за да тие ги заштитат. После две-три години морале да плаќаат по дваесет лири годишно. Потоа овие Алипашини луѓе, заштитниците не Техово, станаа бегови на тоа село и со тоа селото стана нивен чифлиг...“ - пишува Б. Ж. Милојевиќ кој за време на Првата светска војна го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња во Јужна Македонија (Егејска Македонија).

Повеќе...
 
Среда, 05 Јули 2017 03:03   
Повик до Македонците да застанат под националното македонско знаме и јуначки да го бранат (1943)

zname-nob-180Во текот на Втората светска војна, во март 1942 година ПК КПЈ за Македонија и Покраинскиот штаб издаваат директива за прибирање на борците од партизанските одреди од 1941 година, организирање на нови партизански одреди, констатирајќи дека вооружената борба е единствениот пат за извојување слобода на македонскиот народ. За непосредно раководење со партизанските одреди на просторот Велес – Крушево – Прилеп – Битола – Ресен, Покраинскиот штаб уште пред да се формираат партизанските одреди формираат оперативен штаб од Трајко Бошковски – Тарцан, Перо Иванов – Тикварот и Кирил Крстевски – Платник.

Повеќе...
 
Среда, 05 Јули 2017 03:02   
Масовните гробници погребани во заборав

masovni-grobnici-240Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда

Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во Македонија во првите години по Втората светска војна се' уште чекаат да бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат ископувања со кои би се расветлиле се' уште мистериозните исчезнувања на многу луѓе.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “А...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.