Македонски легенди
Среда, 18 Декември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Гаврилски

23214

Ѓорѓи Гаврилски (11. IV 1911 –17. XII 1987) е македонски лекар-епидемиолог, примариус. Учествувал во НОВ и бил член на АСНОМ. По Ослободувањето бил помошник Министер за народно здравје во Владата на РМ (1946) и член на Матичната комисија за формирање на Медицинскиот факултет во Скопје (1947). Бил избран е за редовен професор по епидемиологија и продекан (1949) на Медицинскиот факултет. Заслужен е за истребување на маларијата во Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 11 Декември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Златко Димчовиќ

Zlatko

Златко Димчов(иќ) (1906 - 1994) е пилот и воздухопкивен инжинер од Македонија, еден од најуспешните цивилни пилоти уште во стара Југославија. Зборувал шест јазици и во годините пред Втората светска војна, Златко имал брилијантна кариера. По војната бил затворен на Голи оток, поради што бил избришан од воздухопловната историографија.

Повеќе...
 
Среда, 04 Декември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Атина Бојаџи

Atina

Атина Бојаџи (11. III 1944 – 28. XII 2010) е македонска и југословенска маратонска пливачка. Таа веќе на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите југословенски рекорди во слободно пливање на кратки патеки и делфин. До 1970 година успешно учествувала на повеќе маратони, а во 1969 година го препливала каналот Ла Манш за 13 часа и 20 минути.

Повеќе...
 
Среда, 27 Ноември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Трајко Стојковски

Trajko

Трајко Стојковски – Бузо (10. I 1923 - 14. X 2005) е македонски комунистички деец, воен командант, народен херој и општественик. Активно учествувал во подготовките на НОБ во Куманово, а во јуни 1943 година станал борец на Кумановскиот НОПО. Посебно се истакнал во борбата на Дренак против четничките сили. При формирањето на Третата македонска НОУБ бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) НО бригада. Има значаен придонес во Ослободувањето на Скопје.

Повеќе...
 
Среда, 20 Ноември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Грков

Grkov

Васил Тодоров Грков (1880 - 1962) е македонски револуционер, член на ТМОРО и ВМРО. По Солунските атентати во 1903 г., како Македонец, бил затворен во Бејаз Куле. По ослободувањето станал четник во Кукушката чета. Учествувал во повеќе борби со турскиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда, во периодот од 1903 до 1905 година.

Повеќе...
 
Среда, 13 Ноември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Делев

Delev

Лазар Делев (1875 - 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како Оревски. Учествувал во Илинденското востание борејќи се во Горноџумајско. Од 1905 година е самостоен гевгелиски војвода и се борел против четите на грчката пропаганда. Со избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој станал командант на партизанската чета на Македонско-одринското ополчение.

Повеќе...
 
Среда, 06 Ноември 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Герасимов (лекар)

3215

Никола Герасимов (1870 - ?) е македонски лекар и револуционер. Од 1904 година бил лекар во педагошкото и свештеничкото училиште во Скопје. Тој постојано ја следел здравствената состојба на стационарите во улога на училишен и интернатски лекар. Герасимов се занимавал и со револуционерна дејност и бил член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација

Повеќе...
 
Среда, 30 Октомври 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Стефан Баџов

462539299 414142268407222 2097510785313004073 n

Повеќе...
 
Среда, 23 Октомври 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Алексиев

                        3 copy copy copy copy copy copy copy copy

Лазар Алексиев Мирчев (1884 - 1963) е македонски копаничар, еден од последните претставници на дебарската уметничка школа. Лазар работел заедно со неговиот брат Нестор Алексиев мебелна резба, тавани, иконостаси и други. По Илинденското востание, двајцата браќа три години работеле на нов иконостас за да го заменат опожарениот на црквата „Свети Јован Крстител“ во Крушево.

Повеќе...
 
Среда, 16 Октомври 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Кирил Симоновски – Џина

                                                                     К. С. Џина

Кирил Симоновски – Џина (19. X 1915 – 12. VI 1984) е македонски и југословенски фудбалер и тренер. Бил член на ФК „Југ“, ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. По Ослободувањето играл за армиски клуб ФК „Партизан“ и репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.