Среда, 13 Март 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Васил Мончев
|

Васил Мончев (1847 – 1913) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој се преселил во Солун, каде неговите хотели Бошнак хан и хотел „Вардар“ станале центри на револуционерната организација. Тој бил најдоверливата личност на членовите на ЦК и нивните помошници
|
|
Среда, 06 Март 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Др. Константин Тренчев
|

Др. Константин (Коста) Николов Тренчев (1895 - 1969) е еден од првите македонски доктори, хуманист и борец за независна Македонија. Заедно со струмичаните Коста Терзиев и Васил Иванов, ја основа организацијата „ВМРО 1945“, преку која испратија меморандум до Големите сили и ООН за создавање независна и независна македонска држава. Од тогашните власти тој беше осуден на смрт, но под меѓународен притисок казната беше заменета во затвор.
|
|
Среда, 28 Февруари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Д-р. Петар Кушев
|

Д-р. Петар Кушев (24. III 1870 – 12. V 1939) е македонски лекар, политичар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Дипломирал медицина во Монпеље, Франција, во 1904 година, Се вратил во Македонија и работел како лекар во Скопје и родниот Велес. Станал член на Организацијата, а во 1905 година бил уапсен, осуден на 10 години и протеран во Тарабулус ал-Шам. Познат е со псевдоним Ескулап.
|
|
Среда, 21 Февруари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Петар Хаџи Риндов
|

Петар Хаџи Риндов (22. VI 1879 – 1937) е учител, публицист и деец на ТМОРО и Македонската федеративна организација. Активно учествувал во македонската емиграција во Бугарија. Пишувал текстови за весникот „Македонска свест“. Подоцна учествувал во левичарската Македонска федеративна емигрантска организација (МФЕО). Во 1923 година ја објавил својата книга „Патот кон независноста на Македонија и смирувањето на Балканот“.
|
|
Среда, 14 Февруари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Тане Наумов
|

Тане Наумов (24 II 1907 – 27. VI 1977) е македонски комунист, учесник во граѓанската војна во Шпанија, во народноослободителната борба во Егејска Македонија и во граѓанската војна во Грција. Во 1933 г., станал член на КПГ. Од 1937 г,, како доброволец, учествувал во интернационалните бригади во граѓанската војна во Шпанија. По повлекувањето на овие бригади тој емигрирал во Франција, каде ја дочекал окупацијата. Во 1942 г. бил затворен од Гестапо, а во 1943 г. бил префрлен во Бугарија, од каде успеал да побегне. Се вратил во родното село и се вклучил во ЕЛАС, а потоа учетвувал во граѓанската војна во Грција, По поразот на ДАГ, преку Албанија заминал за Полска, од каде се вратил во Битола во 1956 г.
|
|
Четврток, 08 Февруари 2024 00:51 |
 |
 |
 |
|
Лика Чoпova - Јурукова
|

Лика Чoпova – Јурукова (19. II 1895 - 5. IX 1983) е истакната просветителка и публицистка од Македонија. Потекнува од македонските револуционерни семејства Делчеви и Чопови. Внуката на Гоце Делчев учествувала во активностите на Илинденската организација и била во одборот за пренесување на неговите коски од Софија во Скопје.
|
|
Среда, 31 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Благоја Страчковски
|

Благоја Страчковски (29 II 1920 – 14. I 1943 ) е македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија. Од 1940 година бил член на СКОЈ и КПЈ. Ток е еден од организаторите на оруженото востание во Велес и Велешко. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ работел на неговото омасовување, а во септември 1942 г. се илегализирал и станал борец на Одредот. Бил именуван за комесар на чета. Учествувал во сите борбени судрувања со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во судир со бугарската полиција бил фатен и жестоко мачен, а потоа жив искасапен и закопан во касарната во Велес.
|
|
Среда, 24 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Баба Ванѓа
|

Баба Ванѓа-Вангелија Гуштерова (31. I 1911 – 11.VIII 1996 година) попозната како Баба Ванѓа била јасновидка, која најголем дел од својот животот го поминала во областа Рупите во Пиринска Македонија. Била слепа од дете и неа и се препишувала моќта дека може да ја предвидува иднината. Во 70-тите и 80–тите години на минатиот век, со своите предвидувања, била позната не само на Балканот и Источна Европа, туку и во целиот свет. И по нејзината смрт таа останала популарна. Иако живеела во Бугарија, по националност се изјаснила како Македонка.
|
|
Среда, 17 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Харалампије Поленаковиќ
|

Харалампије Поленаковиќ (17. I 1909 - 15 II 1984) е македински книжевен историчар, универзитетски професор, академик, еден од основоположниците на македонистиката. Тој е еден од оснивачите на Филолошкиот факултет и има голема заслуга во градбата на високото школство на Скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“. Бил професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје., член на МАНУ и прв нејзин потпретседател уште од нејзиното формирање во 1967 година. Исто така бил член е на Српската (1965) и на Босанско херцеговската академија на науките и уметностите (1975).
|
|
Среда, 10 Јануари 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Славко Милосавлевски
|

Славко Милосавлевски (28. I 1928 – 14. X 2012) е македонски социолог и универзитетски професор, дисидент од времето на комунизмот. Предавал социологија на Правниот факултет во Скопје. Во периодот од 1966 до 1969 година бил член на Извршниот комитет на ЦК на СКЈ, а од 1969 до 1972 година бил секретар на Секретаријатот на ЦК на СКМ. По смената на либералното раководство, бил приморан да даде оставка на 36-тата седница на ЦК на СКМ (јануари 1973) и во јуни 1974 е исклучен од СКМ, по што му престанува работниот однос на Факултетот. Бил основач и прв претседател на Социјалдемократската партија на РМ.
|
|
|
|