Македонски легенди
Среда, 01 Јуни 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Блаже Крстев - Биринчето

Blaze Birinceto-180Блаже Крстев - Биринчето (1873 – 21. V 1911) е македонски револуционер и крушевски војвода, учесник во Илинденското востание. Во востанието се борел во четата на војводата Питу Гули. По востанието бил четник во четата на крушевскиот војвода Ѓурчин Наумов- Пљакот. Од есента 1904 година до смртта дејствувал како крушевски војвода. Води борба со четите на српската воружена пропаганда и во едно писмо до нивен војвода пишува: „Штом сме македонски војводи, за македонскиот народ треба да работиме“.

Повеќе...
 
Среда, 25 Мај 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Стефан Димитров

stefan-dimitrov-180Стефан Димитров (1875 – 27. IV 1905), познат како Вардарски, бил учител и македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Поради својата револуционерна дејност бил осуден на 7 години робија, а по амнестијата, во 1903 година бил во четата на војводата Апостол Терзиев. По Илинденското востание бил назначен за велешки околиски војвода. Загинал во борба со српските чети кај селото Папрадиште, Велешко. Во едно писмо до своите родители тој запишал: „Долг на секој Македонец, било тој да е интелигентен, прост, богат или сиромав, е да жртвува сѐ пред олтарот на татковината!“

Повеќе...
 
Среда, 18 Мај 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Мучитанов

Georgi Muchitanov-180Георги Мучитанов (1882 – 2.VIII 1911) е македонски револуционер од влашко потекло, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Влашето или Касапчето, во Софија го организира романскиот комитет за вооржена борба во Македонија. Тие влегуваат од Македонската револуционарна организација и се борат за ослободување на Македонија Учествува во Илинденското востание, а потоа се бори со андартските чети.

Повеќе...
 
Среда, 11 Мај 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Петар Васков

petar-vaskov-180Петар Васков (18. V 1875 - 10. XI 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Член е на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ТМОРО и како војвода на чета учествува во Илинденското востание во 1903 година. Познат е под псевдонимите Новак, Педро и Тихомиров. Во 1907 година, загинал во борба со османлиската војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, заедно со Лазар Маџаров и други соборци.

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тома Вишанов

toma vishanov-180Тома Вишанов Хаџиикономов (Банско, 1759 - ок. 1815) е македонски иконописец и зограф, основоположник на Банската живописна школа. Со зографско образование се стекнал во Виена. Познат како Молера (според герм. Малер - живописец), бил под влијание на Дебарската иконописна школа. Работел во Банско, Довленско, Разлошко и Ќустендил. Го негувал реализмот во сликањето и особено бил успешен во ктиторските портрети. Во своите икони внесува експресивност, движење и светлина, како и неочекувани композитни решенија. Тој бил учител на повеќе млади иконописци и зографи, како и повеќе наследници од неговиот род.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Мирасчиев

dimitar-marsanciev-180Димитар Мирасчиев (10. VIII 1876 –28. X 1933) е македонски револуционер и војвода, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Со чета учествувал во Илинденското востание во Скопскиот револуционерен округ. По востанието учествувал на конгресите на Организацијата. Бил главен редактор на весникот “Конституционна зарја“ (1908–1909) во Солун. Соработувал со Ј. Сандански и со К. Мисирков. По 1913 година се повлекол од политичкиот живот.

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2016 01:45    PDF Печати Е-пошта
Христо Смирненски

hristo-smirnenski-180Христо Димитров Измирлиев (29. IX 1898 - 18. VI 1923) е македонски и бугарски поет, раскажувач, хуморист, карикатурист, патописец, преведувач, новинар. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Пресудно творечко влијание врз него имал постариот брат Тома Измирлиев. Познат под псевдоминот Христо Смирненскиво своите творечки и општествени ангажирања живо се допирал и до Македонија. Раководел со познатиот „Македонски круг“ во Софија. Неговата поезија се одликува со високи естетски вредности и ги воспева социјалните и херојските настани на своето време. Таа била повик за сенародната борба за неопходна промена во светот, за исполнување на копнежот на бедните и поробените.

Повеќе...
 
Среда, 13 Април 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Алберт Сониксен

albert-soniksen-180Алберт Сониксен (5. V 1878 – 16. VIII 1931) е американски новинар и публицист, кој ја поддржува македонската револуционерна борба. Како младо момче заминува на море и патува по светот. Учествува во американската воена експедиција на Филипините по која ги објавува книгите „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, „Морски разбојници“ и т.н. По Илинденското востание, кога македонското прашање станува актуелно, тој се поврзува со Македонската револуционерна организација и поминува извесно време со македонските чети во Македонија, а потоа ја објавува книгата „Исповед на еден македонски четник“.

Повеќе...
 
Среда, 06 Април 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Герман Дамовски

GermanDamovski-180Герман Дамовски (1 IX 1899 - 1959), познат како Старио, син на познатиот македонски војвода Петар Христов Германчето е македонски револуционерен деец, истакнат припадник на македонското народноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија. За време на Втората светска војна и по завршувањето, учествувал во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.

Повеќе...
 
Среда, 30 Март 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Томо Смилјаниќ - Брадина

tomo-smiljanik-180Томо Смилјаниќ - Брадина (13. VI 1888 – 10. V 1969) е македонски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Тој е првиот македонски етнолог кој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929).

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.