На прво место

Сите барања на Бугарија се од 2022 годин

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема нови барања од Бугарија, туку станува збор за обврски и услови кои, според него, биле прифатени од претходната влада во 2022 година.

Коментарот на премиерот доаѓа по информациите што се појавија во јавноста по вчерашната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија.

Мицкоски нагласи дека уставните измени не се единственото прашање што стои на патот кон европските интеграции, туку претставуваат само почеток на дополнителни обврски што би следувале.

„Не се само промената на Уставот и внесувањето на дел од бугарската заедница во Преамбулата. Тоа е само почеток. Со тоа ја отвораме Пандорината кутија. Следува Акцискиот план, следува работата на Историската комисија, следува Протоколот 2, каде што работата на Историската комисија е само едно од барањата. Таму има можеби петнаесетина нови барања што ние како држава треба да ги исполниме. Нема ништо различно од она што денес го слушаме и од она што го слушаме во континуитет од 2022 година, кога, за жал, претходната влада го прифати тоа“, изјави Мицкоски.

Сепак, премиерот порача дека останува оптимист по разговорите што ги имал со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон на Самитот на Европската Унија и Западен Балкан, кој минатата недела се одржа во Тиват.

„Сè уште сум оптимист кога станува збор за разговорите што ги имав со канцеларот Мерц и со претседателот Макрон, затоа што она за што разговаравме на тие средби е сосема различно од она што беше разговарано на вчерашниот состанок. Мора да бидеме оптимисти и да работиме, но истовремено и да ги штитиме македонските национални интереси“, истакна Мицкоски.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по вчерашната средба во Софија со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, потврди дека официјална Софија очекува исполнување на обврските што произлегуваат од протоколите и работата на Заедничката историска комисија.

„Не се во прашање само уставните измени, туку и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на Историската комисија“, изјави Сиљановска-Давкова.

Во меѓувреме, евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека усвојувањето на уставните измени останува услов за напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија. Во однос на германско-францускиот нон-пејпер, Рокас нагласи дека тој не може да го замени официјалниот преговарачки процес, кој продолжува со отворањето на преговарачките кластери.

Најново од: На прво место

СДС го користи македонскиот јазик за политички маркетинг

Пратеничката на СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска, повторно потврди дека за нејзината партија македонскиот јазик претставува тема за дневнополитички настапи и прес-конференции, наместо поле за сериозна и одговорна институционална работа. Додека таа, како што наведуваат од Министерството за култура и туризам, патувала во странство со државни средства наместо активно да ги извршува своите пратенички обврски, надлежните институции […]

Мицкоски: Ако опозицијата сака избори, подготвени сме да излеземе на терен и да победиме

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата е подготвена за парламентарни избори кога и да ги побара опозицијата, нагласувајќи дека во втората половина од мандатот секоја сериозна политичка структура мора да биде подготвена за сите можни сценарија. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на спортската сала „Расадник“ во скопската […]

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлуки за натамошно зајакнување на партиските политики

Продолжува зајакнувањето на партиските структури и реализацијата на реформите Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на одржаната седница разгледа повеќе актуелни политички и организациски прашања и донесе одлуки насочени кон понатамошно зајакнување на партиските структури и реализација на програмските определби. На седницата беше констатирано дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите и реализација на […]

Европска кочница за Софија

Обидот на Бугарија преку официјална евро-монета од 2 евра да ја претстави кирилицата како „бугарска азбука“ наиде на отпор во самото срце на Европската Унија. Според документи на Советот на ЕУ, една земја членка на еврозоната поднела официјален приговор против предлогот за бугарска комеморативна монета од две евра, посветена на таканаречената „Бугарска азбука“, поради што […]

Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби во Министерството за земјоделство

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на денешната собраниска седница оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и неиздржана, нагласувајќи дека министерот со факти и аргументи ги побил сите обвинувања изнесени против него. Стојаноска направи споредба меѓу резултатите од двегодишното работење на Трипуновски и работењето на неговиот претходник […]

Филипче уште ли ќе тврди дека се работи само за Бугарите во Уставот?

Со години Венко Филипче и СДС ја убедуваат македонската јавност дека единствената пречка на патот кон Европската Унија се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според нивната политичка матрица, доволно било Македонија да ја направи таа отстапка и европскиот пат магично ќе се отворел. Но, што ќе каже Филипче по последните разговори што […]

Силните идентитети не напаѓаат други идентитети – порака на Муцунски од Софија

Муцунски од Софија порача дека иднината на Македонија и Бугарија треба да се гради врз почитување, доверба и соработка, а не врз спорови околу историјата, јазикот и идентитетот. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Софија испрати јасна порака дека во современа Европа нема место за негирање на идентитетите и за политички […]

Инженерско чудо на Коридор 8: Возовите од Скопје до Софија ќе сообраќаат со брзина до 120 километри на час

По три децении застој, изградбата на делницата Белјаковце – Крива Паланка влегува во најинтензивната фаза, со 29 мостови, 15 тунели и инвестиција вредна стотици милиони евра.

To top