На прво место

СДС го користи македонскиот јазик за политички маркетинг

Пратеничката на СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска, повторно потврди дека за нејзината партија македонскиот јазик претставува тема за дневнополитички настапи и прес-конференции, наместо поле за сериозна и одговорна институционална работа.

Додека таа, како што наведуваат од Министерството за култура и туризам, патувала во странство со државни средства наместо активно да ги извршува своите пратенички обврски, надлежните институции работеле на воспоставување механизми за системска заштита и унапредување на употребата на македонскиот јазик.

Од Министерството потсетуваат дека Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година, а по завршувањето на сите законски и собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прва институција од ваков вид во историјата на државата.

Во моментов е во тек постапка за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат соодветна обука и процес на лиценцирање. Истовремено, се прибираат детални податоци од државните институции за бројот на вработени лектори и степенот на почитување на законските обврски, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни активности и мерки.

Дополнително, формирана е и работна група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик, која веќе работи на подготовка на стратешките документи за негов развој и заштита.

Во реакцијата се посочува дека наместо политички спектакли и јавни обвинувања, потребен е сериозен и одговорен пристап кон прашањата што се од национално значење.

„Македонскиот јазик не е политичка битка, туку државна и национална обврска. Тој не се брани со прес-конференции и партиски пресметки, туку со конкретни политики, институции и резултати“, се наведува во реакцијата.

Од Министерството оценуваат дека вистинските резултати се постигнуваат преку работа и институционална посветеност, а не преку политички маркетинг и партиски игри.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top