Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост.
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет.
Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, се значаен дел од македонското национално и културно битие. Нивната посветеност кон зачувувањето на мајчиниот јазик, обичаите и традицијата заслужува почит и поддршка од матичната држава.
Премиерот Мицкоски ја нагласи обврската за негување и зацврстување на врските со Македонците насекаде во светот, поддршката за зачувување на македонскиот идентитет и градењето мостови на пријателство и соработка со нашите соседи.
Македонците во Србија претставуваат природен мост на пријателство, меѓусебно почитување и соработка меѓу македонскиот и српскиот народ.
Државните граници можат да ги одделуваат териториите, но не можат да ја избришат љубовта кон татковината, спомените за корените и чувството на национална припадност.
Македонија не е само географски простор – таа е јазик, историја, култура, традиција и духовна татковина на Македонците ширум светот.
„Македонија е и секогаш ќе биде дом за сите Македонци“, порача премиерот Христијан Мицкоски.