На прво место

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и организираниот пречек на Новата 2027 година.
Според најавите на градоначалникот, Скопје ќе добие празничен изглед во средината на декември, а на градскиот плоштад „Македонија“ се планираат новогодишен базар, музичка програма и празнични содржини за граѓаните.
Една голема новогодишна прослава за сите скопјани
Во координација со градоначалниците на скопските општини, наместо повеќе одделни прослави, ќе биде организирана една централна новогодишна прослава на градскиот плоштад.
Особено значајна е одлуката и оваа година на новогодишната прослава да настапат исклучиво македонски музички изведувачи, со што се дава поддршка на домашната музичка и културна сцена.
„Одлучивме оваа година како и минатата со исклучиво македонски изведувачи, ние имаме богата културна сцена. Не сме ги утврдиле сè уште имињата, но мислам дека ќе биде достоинствен пречек на Нова година“, истакна Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најави дека за новогодишната ноќ нема да има огномет, додека конечната музичка програма и термините за одржување на новогодишниот базар дополнително ќе бидат утврдени.
Паралелно продолжува реализацијата на капиталните проекти
Покрај подготовките за новогодишните празници, Град Скопје продолжува со реализацијата на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои и подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“.
Ѓорѓиевски посочи дека првата фаза од овој значаен проект била завршена за само 90 дена, а стабилизираната финансиска состојба на Град Скопје и финансиската поддршка од Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски овозможиле да се пристапи кон целосна реализација на проектот.
Втората фаза опфаќа изградба на два кружни тека, подземно сообраќајно поврзување и колекторски систем со пумпна станица за регулирање на атмосферските води, чија изградба е најавена за рана пролет.
Со најавените активности, градското раководство настојува Скопје да ја пречека Новата 2027 година во празнична атмосфера, со македонска музика, заедништво и достоинствена прослава, но и со континуирана работа на проектите за подобрување на квалитетот на животот на скопјани.

Најново од: На прво место

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

To top