Коментари

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава.

Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф.

Во деведесеттите години, Синадиноски, тогаш ангажиран во Владата на Република Македонија, приватно ја посетил Баба Ванѓа. Во разговорот ја прашал за иднината на Македонија. Според неговото раскажување, таа му одговорила дека кризата ќе трае сè додека власта не овозможи рудникот „Алшар“ повторно да проработи.

Меѓу предвидувањата што ѝ се припишуваат на Ванѓа има и такви за кои се вели дека се оствариле. Едно од нејзините предвидувања за милениумот што претстои е дека Земјата, покрај Сонцето, ќе ја грее и „вештачко сонце“. Со ова пророштво се поврзува и претпоставката дека талиумот би можел да има улога во потрагата по неисцрпен извор на енергија.

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Станува збор за рудник што има особено голема традиција. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби.

По Втората светска војна, геолошките истражувања на наоѓалиштето „Алшар“ покажале дека таму има руди на антимон, арсен и талиум. Посебно внимание привлекол лорандитот, минерал што содржи талиум. Неговата можна примена во проучувањето на сончевите неутрина го привлекла интересот на американскиот астрофизичар Мелвин Фридман.

Денес, старата приказна го отвора прашањето колкава корист може да има Македонија од сопствените минерални суровини.

Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски го стави развојот на наоѓалиштето на антимон во „Крстов Дол“, кај кривопаланечкото село Луке, на маса во разговорите со Соединетите Американски Држави. На собраниската седница за пратенички прашања на 29 октомври, Мицкоски јавно го поддржа повторното отворање на овој рудник.

Конкретен чекор беше направен во април 2026 година, кога Американската корпорација за меѓународно развојно финансирање (DFC) потпиша договор со компанијата „Пела Глобал“ за развој на проектот. Предвидените пет милиони долари се наменети за ажурирана процена на минералните ресурси и студии што ќе покажат дали повторното отворање е технички изводливо и економски оправдано.

Антимонот има примена во производството на батерии, полупроводници и огноотпорни материјали, што го објаснува интересот на САД за проектот.

Пошироката расправа за рударството се води и околу Нацрт-просторниот план на Македонија до 2040 година.

Напорите на Мицкоски и Владата да обезбедат партнерство и финансирање за „Крстов Дол“ заслужуваат внимание. Вистинската економска вредност на проектот ќе се мери со тоа колку луѓе ќе вработи, колкав дел од преработката може да се одвива во Македонија и колку приходи ќе останат во земјата.

За да се остварат пророчанствата на Баба Ванѓа покрај повторното отворање на рудникот во Крстов Дол, Македонија треба да ги допроучи веќе познатите наоѓалишта, да ги активира оние за кои има економска оправданост и да продолжи да истражува какво рудно богатство крие македонската земја.

Најново од: Коментари

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

To top