Култура и туризам

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие.

Глаголски ракопис од X–XI век

Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла глаголица и има 158 пергаментни листови. Според јазичните и правописните особености, ракописот се поврзува со Охридската книжевна школа и со препишувачката традиција во југозападна Македонија.

Ватиканската библиотека го датира зачуваниот ракопис во X–XI век. Во македонската научна литература се среќаваат попрецизни датировки, од крајот на X до првата половина на XI век. Со IX век се поврзуваат почетоците на кирилометодиевската преводна традиција, чии траги се зачувани во евангелските четива на овој ракопис.

Евангелски четива и календар на светителите

По својата содржина, ракописот е изборно евангелие. Евангелските одломки се распоредени според деновите кога се читаат на богослужба. Од Велигден до Педесетница има четива за секој ден, а во делот од Педесетница до Великиот пост се предвидени четива за саботите и неделите.

Особено значаен е месецословот, црковниот календар во кој се запишани деновите за чествување на св. Кирил, св. Методиј и св. Климент Охридски. Климент е запишан како „епископ Велички“, а за неговото чествување е наведен 27 јули. Во календарот се споменуваат и св. Димитриј Солунски, св. Ахил Лариски и Тивериополските маченици. По рабовите на листовите се зачувани белешки на глаголица и кирилица, оставени во различни периоди од употребата на ракописот.

Евангелието го носи името на Јосиф Симон Асемани, кој го пронашол во Ерусалим во 1736 година. Денес се чува во Ватиканската библиотека под сигнатурата Vat. slav. 3.

Асемановото евангелие – страница во калиграфски препис на Георги Гоце Дуртаноски.

Калиграфскиот препис на Гоце Дуртаноски

Во јуни 2013 година, во чешкиот град Велехрад, Дуртаноски ја претставил изложбата Manuscripta Glagolitica. Со рачни преписи на глаголски и кирилски текстови, изложбата се вклучила во одбележувањето на 1.150 години од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј.

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

To top