Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Славе Катин

Славе Катин

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови.

Археолошките наоди на неолитските култури на Балканот откриваат многу богато творештво на првите земјоделски заедници во траење од околу 1500 год. Покрај алатките поврзани со земјоделството, установено е изобилство од керамични предмети, рогови, коски и камења. Повеќето од нив и понатаму симболизираат вода и бујност на животот во плодните рамници.

Керамичките садови се со разни облици, големини и стилови, со помалку или повеќе истакнат средишен дел, со или без рачки, претежно со орнаменти. Тие имале различни намени, од чување на храната до нејзино подготвување и готвење.

Оружја и орудија се: бодежи, ножеви, секири, пили, бричеви од брусен или мазни камења, а за одбрана и лов, како и од културно-историски намени, се користеле лак и стрела, а подоцна и копје. Првите постојани населби „Tell“ колиби од гранки и праќе, обложени со кал или тули од кал.

Со создавање на постојаните населби, заедниците на неолитскиот период стануваа посвесни за своите роднински врски. Тие не живееле во орди, туку во матријархатски заедници засновани на крвно сродство. Доказ се култовите на женските божества од културите на Ѓердап, Рудник, Азмок, Nea Nikomedia, Sesklo, Sparta, Amorgos и др.

Преодот од неолитскиот во енеолитскиот период (5500-3100 г. пред Христа) се означува во археологијата како младо камено или бакарно-халколитски период. На основа на доминантноста на некои археолошки наоди е извршена регионализација на Балканот и соседните простори во девет културни сфери (Gimbutas, 1982 г., 22).

На прво место е културата Винча од Централен Балкан, па следат културите: Димини (5630-445 г. пред Христа за Јужен Балкан и Егеј), Караново V и VI (5840-4800 г. пред Христа за Источен Балкан), Бутмир за Босна, Данило-Хвар комплекс за Јадран, Тиса, Петреши итн.

Културата Винча го добила своето име по локалитетот Винча на Дунав, околу 14 км југоисточно од Белград. Истражувач на оваа култура, и еден од основачите на археологијата во Србија, е академик проф. Милоје Васиќ (1869-1956 г.). Ископувањата траеле од 1906-1934 год., на длабочина од 7-12 м. Утврдено е многу богато наоѓалиште со околу 2000 предмети. Најдени се станбени објекти 2-3 соби во урбан распоред.

Во Халколитска култура на Стара Европа (Gimbutas, 1982) се утврдени културите на Бањица, покрај Белград, како и на локалитети по должината на Морава и Сава, Селевац, Медведњак, Дреновац, Црна Бера, Градец, Плочник, Павловец, Чаршија и др. Следат наоѓалишта покрај Вардар во Македонија: Вршник, Анза и слично.

За културата на Винча од посебно значење се знаковите и натписите врежани во керамика. Тоа се S и C спирали како линеарни графики.

Се сметало дека културата на Винча e припаша на средниот енеолит, т.е. 2500 г. пред Христа и дека потекнува од Егејскиот Басен и Анадолија, а не од нордиските земји. Меѓутоа, во педесеттите години, со примена на радиокарбонските методи, културата на Винча е датирана околу 6190-4800 г. пред Христа. Покрај тоа, таа е автохтона и оригинална.

Периодот меѓу неолитот и бронзениот период е наречен енеолит, од зборовите eneos-глув или нем и lithos-камен. Процесот на енеолизација на централните и западните простори на Балканот бил постепен, во почетокот автохтон и независен, но подоцна под примарно влијание на силните културни центри: Лепенска култура, Винча, Карпатскиот и Егејскиот Басен, како и севернопонтските области.

Оваа фаза траела околу еден милениум. За тоа време, културните групи на централниот и западниот дел од Балканот се интегрирале и формирале нови културни области. Една од нив е и Вучидолскиот културен комплекс.

Вучидолскиот локалитет покрај Вуковар на Дунав најубаво е обработен во современата публикација на академикот Тасиќ (1995 г.). Енеолитскиот период од 3100 –1900 г. пред Христа тој го дели на ран, среден и подоцнежен, со по 400 г. секој. Студијата опфаќа околу 50 локалитети.

Во енеолошката култура на Балканот, рударството и раната металургија достигнуваат потполна афирмација и прават пресвртница за идните фази, кога најпрво бронзата, а потоа железото, ја покажуваат својата надмоќ при обработка на оружје, накит, орудија, над претходните култури од камен, коски и бакар.

Базата на оваа култура ја сочинуваат најстарите рудници на Балканот кај Мајданпек, каде се развила металургијата на Подунавскиот Басен, од една, и културата на Егејскиот Басен, од друга страна. Со време, енеолитската култура се ширела на југот на Балканот, по Моравско-Вардарската Долина, сé до Пелагонија, Македонија, Тракија, Јадран и Елада.

На бреговите на Егеј енеолитската култура се развива како Минојска (рана, средна и доцна), Кикладска, Микенска и општа Еладска култура (рана, 2500-7900 г., средна од 1900-1550 г. и доцна од 1500-1200 г. пред Христа). Енеолитската култура во Мала Азија е позната по Троја I (2700 г. пред Христа) и Троја II (2500-2300 г. пред Христа).

При истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамики печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на пеатот. Мегалитната опсерваторија во Кокино, пак,  се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место 

Од публикацијата „Од Панонија до Егеј“ од академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин

Најново од: Култура и туризам

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

To top