Македонски легенди

Костадин Самарџиев – Џемото

Костадин Самарџиев (15. V 1884 – 1. VIII 1911) е македонски револуционер, струмички деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Џемото, бил назначен за раководител на струмичкиот окружен комитет на Македонската револуционерна организација.

Костадин Самарџиев, е роден на 15 мај 1884 година во струмичкото село Дабиље. Учел во Струмица, а потоа завршил педагошко училиште во Скопјe во 1903 година. Во Скопје се запознал со други револуционери, меѓу кои и со Алексо Мартулков. Тој предавал во Дабиље помеѓу 1903 и 1904 година и во Робово помеѓу 1904 и 1905 година.

Самарџиев развил револуционерна дејност во Струмица и Струмичко. Во 1905 година, бил уапсен и затворен во солунскиот затвор „Еди Куле“. Од мај 1906 до јули 1908 година, бил четник кај Христо Чернопеев. Тој бил и секретар на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и играл важна улога во организирањето на локалните револуционерни активности.

Во јануари 1906 година, тој организирал масовни демонстрации во Струмица по повод убиството на петмина селани од Струмичкиот крај. Околу 8.000 луѓе од градот и околината, побарале од струмичкиот кајмакам да ги запре политичките убиства.

По Младотурската револуција од 1908 година, Самарџиев бил легализиран и станал селски старешина во Струмица. Во април 1909 година, тој ги предводел струмичките доброволци во Младотурската кампања против апсолутизмот на султанот Абдул Хамид II.

Во 1909 година, тој бил еден од основачите на Народната федеративна партија во Солун. Сепак, по кратко време, ја напуштил партијата и продолжил со своите активности за обновување на револуционерната организациска мрежа во околината на Струмица.

Во 1910 година, заедно со други револуционери, учествувал во голем број битки со турските власти. По кратко време, бил назначен за раководител на струмичкиот окружен комитет.

На 1 август 1911 година, Самарџиев загинал во битка во близина на неговото родно село во престрелка со турските војски. Тој бил еден од многуте борци за слобода и активен локален водач кој се борел за ослободување на Македонија.

Во декември 2022 година, во некрополата под струмичката тврдина Цареви Кули, археолозите од Струмица откриле ѕидани гробови од крајот на 19 и почетокот на 20 век, а во еден од нив пронашле и пушка и муниција од тој период. Археолозите претпоставуваат дека гробовите се на војводите Костадин Самарџиев Џемето и Крсто Новоселски.

Најново од: Македонски легенди

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

To top