– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и Македонскиот народ.
Првиот БЛАГОСЛОВ е за полесно да се разберат останатите што следат.
– Да сте живи, здрави, долговечни, да имате мирен и спокоен живот, исполнет со љубов, почитување, чесност, со чиста вера и силен патриотизам, од Господ благословени, лични мои чеда МАКЕДОНЦИ.
– Да не заборавате кои сте, што сте, од кога сте, колку сте, од каде потекнувате, на кого му припаѓате, за што и за кого живеете и се борите.
– Да бидете силни, храбри, непоколебливи кога треба да ги бранете и одбраните вашите семејства, вашиот народ и саканата неизмерно татковина. Од кога, како и секогаш дури од времето на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, ќе победите, како победници бидете најмилостиви.
– Чувајте го, вреднувајте го и афирмирајте го АЏИЛАКОТ на Светите Апостоли, што според ПРЕДАНИЕТО дошле во МАКЕДОНИЈА БИБЛИСКА, на изворот непресушен, да го донаучат СЛОВОТО БОЖЈЕ, да ги учат и покрстуваат луѓето околу НАС и пошироко.
– Зборувајте ја вистината за Светиклиментовиот Универзитет на кој се вдахнуваа со духот СВЕТ и едноставниот живот илјадници ученици, од кои половината, заради нивната заложба, праведност и посветување на вредностите што им ги даруваа на луѓето, станаа угледни СВЕТЦИ и втемелувачи, први архиепископи во воспоставените ранохристијански цркви низ целото Источноевропско православно царство, прогласувајќи ги своите цркви за автокефални, токму благодарение на СВЕТОТО СВЕТИ КЛИМЕНТОВО ДЕЛО.
– Запишаното не одминувајте го, прочитајте го. Ќе го сретнете убавиот, единствен, оригинален МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, кој никој досега што го слушнал не потврдил дека се зборувал и на истиот се пишувало, и од сите дотогашни различен, и во Кутмичевица, и во Костурско, и во Горно Џумајско, Серско, Битолско и насекаде, до каде стигнале ПИСАНИЈАТА на ЛОЗАРИТЕ и ПРЕРОДБЕНИЦИТЕ.
– Благословете го и славете го формирањето на ВМРО, најголемиот изум на денешнината, кој што на 23 октомври 1893 година ги состави скапоцените елементи од минатото, тогашноста, сегашноста и иднината на МАКЕДОНСКИОТ РОД ВЕЧЕН во едно единствено сјајно, цврсто и не`рѓосувачко соединение, вградувајќи го во него МАКЕДОНСКОТО „ДНК“, нескршливо, дијамантски тврдо, а што крши секого што ќе тргне против него.
– Учете се и учете ги идните генерации на епските дела, жртви, самопожртвувани војводи, комити, лидери, народни трибуни, ИЛИНДЕНЦИТЕ посебно, и другите по нив ФЕНЕРИ што го осветлуваа патот на слободата, заминувајќи во вечна темнина. Восхитувајте се на нивните дела, присетете се и запомнете што значи НАГАНТОТ на сопственото чело или слепоочница што со само едно чкрапање за милионити дел од секунда згаснува еден млад човечки живот, најскапоцената саможртва на олтарот на слободата за МАКЕДОНИЈА.
– Прими ја нивната јасна порака дека: „Ниту една жртва не е залудна и се вградува во темелот на нашиот топол заеднички дом МАКЕДОНИЈА.“
– Оддадете силен поздрав и благодарност на МАКЕДОНСКАТА ВОЈСКА од 1944 година, најсилната воена формација на Балканот, што можеше да го покори барем половина од него и да го врати конечно сопственото за себе ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА со главен град СОЛУН.
– Осудете ги, но не ги осудувајте предавниците што го попречија остварувањето на вечниот сон и копнеж на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. И тие се дел, можеби што ме посрамотиле како нивна МАЈКА, ама се и тие МОИ.
– Барајте прошка, ако сте можеле, а ништо не сте направиле, од невините жртви, наменски осудени за ОПОРТУНИСТИТЕ да имаат комотен живот и привилегии.
– Бидете благодарни на основачите на државноста на МАКЕДОНИЈА, растете и заедно со вас, ама многу побрзо од вас, да расте, да се шири и да се развива нашата татковина МАКЕДОНИЈА.
– МАКЕДОНЦИ! БИДЕТЕ БЛАГОСЛОВЕНИ ОД БЛАГОСЛОВОТ.
Зошто, БЛАГОСЛОВЕНИТЕ во мака можат и по нешто да продадат, но никогаш татковината, а најмалку гробните места. Ги продадеш ли или ги запустиш ГРОБОВИТЕ значи дека и не си ПОСТОЕЛ.