Тема: македонски народ

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА “8 СЕПТЕМВРИ НИЗ ПРИЗМА НА НЕГОВИ НЕПОСРЕДНИ УЧЕСНИЦИ И СВЕДОЦИ“

Излагање на панел-дискусијата на поранешниот независен пратеник Тодор Петров во првиот парламентарен состав по дисолуцијата на поранешна СФРЈ, во суверена и самостојна држава Македонија! 16 септември 2026 година, Скопје, Македонија – По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од нејзиното прогласување, на 7 септември 2026 година, на платото на Вила “Водно“ […]

Единственото нешто на кое СДС знае да се радува е неуспехот на Македонија

По последното официјално соопштение на СДС, во кое граѓаните беа наречени „идиоти“, оправдано се поставува прашањето: дали СДС сè уште дејствува како македонска партија или некој ја насочува да работи против сопствениот народ и против интересите на Македонија? СДС го проби политичкото дно. Наместо да покаже почит кон граѓаните од кои бара доверба, раководството на […]

Зошто 8 Септември е пиреј и светол ден

Македонија имала и секогаш ќе има свои големи, па и преголеми денови и значајни празници. Ако Господ ги покаже сите тие златни денови, ќе треба да се додадат уште илјадници страници во календарот за некако да се сместат. И тогаш тешко ќе може да се одреди кој ден е поголем и позначаен од другиот. Но […]

„Македонија“ – весникот што ја пренесе македонската вистина пред Европа

На 5 февруари 1905 година во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“ – гласило на француски јазик, создадено за запознавање на француската и пошироката европска јавност со положбата на македонскиот народ, настаните во Македонија и борбата за слобода. Во времето кога Македонија се наоѓала под османлиска власт, а македонското население било изложено на насилства, […]

To top