На прво место Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата.

23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за слобода и сопствена држава.

Во датумот 23 октомври препознавам и една посебна духовна симболика. Тој се поврзува со познатата теолошка пресметка на ирскиот архиепископ Џејмс Ашер, кој во својата хронологија, објавена во 1650 година, го датирал создавањето на светот во 4004 година пред нашата ера.

Врз основа на библиските родослови и историски пресметки, почетокот го поставил во ноќта што му претходела на 23 октомври 4004 година, според јулијанскиот календар.

Тоа е теолошко толкување, а не научно потврден датум. Но за мене, како верник, оваа поврзаност има духовно значење: датумот што во таа хронологија го означува почетокот на светот, во македонската историја го означува почетокот на организираното револуционерно движење за слобода на Македонија.

Луѓето ги создаваат и ги менуваат календарските системи, но природниот тек на времето и движењата во космосот постојат независно од нив. Во тој поредок јас го препознавам Создателот и од него ја црпам својата вера во смислата на постоењето.

Токму затоа ме погодува кога за овој светол ден се поставува прашањето:

„Чиј празник е 23 Октомври?“

Мојот одговор извира од историското паметење на сопствениот народ, од неговата песна и од опомената што ја носат овие парафразирани стихови:

„Народе македонски,
со какви идеи си ти?
Срам голем е за тебе
сам да не се знаеш,
другите да те знаат…“

Пред да прашаш чиј празник е 23 Октомври, запрашај се за сопствените корени и за луѓето што се жртвувале за твојата слобода. Кога ќе го најдеш одговорот, ќе разбереш зошто овој ден заслужува почит од секој што ја чувствува Македонија како своја татковина.

Жртвата и саможртвата на учесниците во македонската националноослободителна борба нè обврзуваат да го чуваме паметењето и да ја разбереме цената на слободата што ја наследивме.

Во тој дух сакам да потсетам на Дончо Штипјанчето, симбол на непокорот, истрајноста и издржливоста на македонскиот народ.

Според преданието за неговото страдање, додека го тепале и го измачувале, еден од мачителите, зачуден од неговата издржливост, му се обратил:

„Еве ти ја тојагава со која те тепам. Удри по мене да видам дали боли, оти ти глас не пушташ на толку тепање.“

Претепан и измачуван со денови, Дончо не можел ни да ја држи тојагата со искршените раце. Тогаш следувало потсмешливото прашање: „Како ќе нè победите кога не можеш на нозе да стоиш и си без раце?“

За мене, одговорот е во самиот негов непокор. Телото можеле да му го скршат, но духот останал непоразен. Во него го гледам достоинството на човек што, и врзан и претепан, ја сочувал својата внатрешна слобода.

Мачителот стои исправен, со оружје и сила во рацете, а сепак не успева да го скрши отпорот на својот затвореник.

Во страдањето на Дончо ја препознавам силата на македонското срце и дух – решителноста да се истрае и тогаш кога телото веќе нема сила.

Затоа, кога размислуваш за 23 Октомври, сети се на таквите луѓе.

Напиј се, барем симболично, од нивниот вечен извор на храброст и инспирација.

Доближи им се со почит, со знаење и со дело.

Дончо и сите знајни и незнајни борци ни оставиле наследство што им припаѓа на поколенијата.

Наше е да бидеме достојни за него, да го чуваме и да го пренесеме понатаму.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

 

Најново од: На прво место Коментари

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

To top