На прво место

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале.

Со длабока почит се поклонуваме пред основачите:

– Д-р Христо Татарчев, лекар од Ресен;
– Даме Груев, учител од Смилево, Битолско;
– Петар Поп Арсов, учител од Богомила, Велешко;
– Иван Хаџи Николов, книжар во Солун, родум од Кукуш;
– Антон Димитров, учител од Ајватово, Солунско;
– Христо Батанџиев, учител од Гуменџа, Ениџевардарско.

Шестмина луѓе, една верба и една голема цел – слободна Македонија.

Нивното дело прераснало во движење што го подготвило Илинденското востание во 1903 година и создавањето на Крушевската Република – светол симбол на стремежот за правда и сопствена држава.

Илинденскиот идеал го носеле борците, го чувале семејствата и го пренесувале мајките преку песните и споменот на оние што не се вратиле дома. Преку Народноослободителната војна и АСНОМ биле поставени темелите на современата македонска државност, а на референдумот на 8 септември 1991 година граѓаните ја потврдиле определбата за суверена и самостојна Република Македонија.

Зад овие историски чекори стојат човечки судбини: жртвувана младост, непреболени разделби и надеж дека идните поколенија ќе живеат слободно, во своја држава.

Како ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, партијата основана во 1990 година, со гордост го паметиме нашето учество во обновувањето на политичкиот плурализам и во борбата за независност. Тоа искуство нè обврзува и денес, со збор и со личен пример, да ѝ служиме на татковината.

Почитта кон претходните поколенија ја потврдуваме со зачувување на суверенитетот, македонското име, јазикот, идентитетот и историското паметење. Со чесна работа, грижа за сограѓаните и одговорни одлуки треба да изградиме држава што на нашите деца и внуци ќе им понуди достоинствен живот.

Во пресудните прашања за Македонија, да имаме мудрост да се слушнеме и сила да застанеме заедно.

Посебен братски поздрав им упатуваме на Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, како и во дијаспората. Вашата истрајност во негувањето на мајчиниот јазик, обичаите и семејните преданија го одржува македонскиот корен и заслужува длабока почит.

На младите им порачуваме: учете ја историјата на својот народ, сакајте ја татковината и вложувајте го знаењето во нејзиниот напредок. Вашата смелост, труд и успеси ја создаваат нејзината иднина.

Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ им го честита 23 Октомври на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната национална и верска припадност.

Да го празнуваме со меѓусебна почит и со решеност да придонесеме за праведна и напредна Македонија – заеднички дом на сите нејзини граѓани.

Нека е вечен споменот на основачите и на сите борци за македонската слобода!

Да живее Република Македонија!

Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top