Македонски легенди

Кирил Пенушлиски

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Кирил Пенушлиски (15. Ⅺ 1912 –  23. Ⅴ 2004) е македонски универзитетски професор, ректор, основоположник на македонската фолклористика. Објавил шеесетина книги, во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Заслужен е за објавените собрани дела на Марко К. Цепенков, и Стефан И. Верковиќ.

Кирил Пенушлиски е роден во Солун на 15 ноември 1912 година. Завршил основно образование во родниот град, а гимназија во Скопје во 1931 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност во 1938 госдина, а докторирал на Филозофскиот факултет во  Скопје во 1956 година, со темата „Стефан Верковиќ – собирач на македонски народни умотворби“

За време на окупацијата активно бил вклучен во НОБ, (бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје), а по војната работел на повеќе важни функции – во Министерството за трговија, генерален секретар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор на Филозофскиот, подоцна Филолошки факултет, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, член на Советот на Републиката и др. Тој бил почесен член на ДПМ.

Во текот на својот живот објавил шеесетина книги, меѓу кои: Пословици, Скопје, 1954 (со Харалампие Поленаковиќ); Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни, И–Ⅲ, Скопје, 1958/59; Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни, Скопје, 1961; Народна поезија, Скопје, 1964, Народни приказни, Скопје, 1964; Црвен се бајрак развева, Скопје, 1965; Македонско народно творештво (жанровски антологии во десет книги), Скопје,1968–1973; Марко К.Цепенков, Малешевски фолклор, Скопје, 1980; Македонски еротски приказни, Скопје, 1981; Македонски фолклор, Скопје, 1981; Гоце Делчев во фолклорот, Скопје, 1983; Марко Крале –легенда и стварност, Скопје, 1983; Македонски народни балади, Скопје, 1983; Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби, 1–5, Скопје, 1985; Болен Дојчин, Скопје, 1986; Богови и попови, Скопје, 1987; Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни во пет книги, Скопје, 1999; Народната култура на Егејска Македонија, Скопје, 1992; Фолклорни поетски мотиви, Скопје, 1992; Зборникот на Панајот Ѓиноски од Галичник, Скопје, 1995; Митот и фолклорот, Скопје, 1996; Приказни за лисицата, Скопје, 1997; Македонски фолклор – Историски преглед, Скопје, 1999; и др.

Кирил Пенушлиски починал на 23 мај 2004 госдина во Скопје.

(извор: М.Е. 2, Скопје, 2009 г. стр. 1132)

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top