Македонски легенди

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки.

Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија.

Во 1907–1908 година, во времето на засилената грчка пропаганда, со семејството најпрво се преселил во Хрупишта, а за време на Првата светска војна емигрирале во Бугарија. Во Пловдив завршил прогимназија, а на 15-годишна возраст почнал да работи како тутунски работник.

Поради својата синдикална и политичка активност, во 1923 година станал член на БРП (комунисти) и претседател на Прогресивната македонска младинска организација.

Политичка дејност и престој во СССР

Во 1926 година Ивановски емигрирал во СССР, каде што престојувал во Одеса и Тбилиси. Во септември 1927 година бил испратен на студии на Комунистичкиот универзитет за националните малцинства во Москва.

По завршувањето на студиите во 1932 година се вратил во Бугарија и станал член на ВМРО (Обединета). Подоцна бил избран и за политички секретар на организацијата.

Соработувал со весниците „Македонско знаме“, „Македонска револуција“, „Македонско единство“ и „Обединист“, како и со списанието „Македонски вести“.

„Зошто ние Македонците сме одделна нација“

Во весникот „Македонско знаме“ ја објавил брошурата „За идеите и задачите на македонското движење во Бугарија“, како најава на студијата „Зошто ние Македонците сме одделна нација“, потпишана со псевдонимот Бистришки.

Во овој труд Ивановски ја образложил националната посебност на македонскиот народ. Откако бугарските власти го забраниле текстот по неговото објавување во „Македонско знаме“ на почетокот од 1934 година, тој бил издаден во декември истата година од Македонскиот народен сојуз во Америка, на неговиот Четврти конгрес во Детроит.

На судскиот процес во Софија против членовите на ВМРО (Обединета), одржан во 1936 година, Васил Ивановски бил осуден во отсуство на пет години затвор.

Делегат на АСНОМ и прв главен уредник на „Нова Македонија“

За време на Втората светска војна, во 1941 година Ивановски преминал во илегала. Во 1942 година бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Од 1943 година казната ја издржувал во затворот Идризово, од каде што избегал во средината на 1944 година и стапил во редовите на Македонската војска.

Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. При основањето на весникот „Нова Македонија“ бил избран за негов прв главен уредник.

По формирањето на првата влада на Народна Република Македонија во април 1945 година, бил назначен за заменик-министер за социјални грижи.

Затворен поради својата македонска определба

Во ноември 1945 година, поради несогласувања со политиката на владата на Лазар Колишевски, заминал во Бугарија. Таму се залагал за културна автономија на Пиринска Македонија и бил активен меѓу македонската емиграција, афирмирајќи ја македонската национална држава.

Во 1948 година, заедно со Спиро Василев, се обидел да го објави дневникот на македонскиот револуционер Васил Чакаларов. Обидот не успеал бидејќи ракописот бил запленет од полицијата во врска со судскиот процес против Трајчо Костов.

Во 1949 година Ивановски бил осуден како „Титов шпион“ на 12 години строг затвор и на губење на граѓанските права во траење од 15 години. Во 1956 година, откако поминал седум години во затвор, бил рехабилитиран и ослободен.

Васил Ивановски починал во 1991 година во Софија. Зад себе оставил значајно публицистичко и политичко наследство, посветено на афирмирањето на македонскиот народ како посебна нација и на неговото право на сопствена држава.

Најново од: Македонски легенди

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

To top