На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

File written by Adobe Photoshop¨ 5.0
Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор.

На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ во Скопје, бил извршен атентат врз претседателот Киро Глигоров. Во моментот на нападот, тој со службеното возило се движел од својата резиденција кон работното место во Собранието на Република Македонија.

Експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба. Во паркиран „цитроен ами 8“ биле поставени околу 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач додека минувало претседателското возило.

Глигоров го преживеал нападот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загинал неговиот возач Александар Спировски, а од здобиените повреди подоцна починал и случајниот минувач Христо Христоманов. Биле повредени телохранителот Илчо Теовски и други граѓани.

Нападот предизвикал шок и неизвесност во Македонија. Во време кога независната држава ги зацврстувала своите институции и меѓународната положба, атентатот врз нејзиниот претседател отворил сериозни прашања за безбедноста и способноста на службите да го заштитат државниот врв.

Обемна истрага без судска разрешница

По атентатот била спроведена голема полициска истрага. Биле проверувани возила и објекти, легитимирани и претресувани лица и водени информативни разговори со луѓе за кои постоеле сомневања дека би можеле да бидат поврзани со нападот.

Сепак, овие активности не довеле до судско утврдување на одговорноста. Клучните прашања останале неодговорени: кој го подготвил, кој го извршил и кој го нарачал атентатот?

Зад датумот 3 октомври 1995 година стојат загубени човечки животи, тешки повреди и семејства чие секојдневие било неповратно променето. Затоа сеќавањето на овој настан не смее да се сведе само на годишнина и на повторување на познатите факти.

Моето лично сведоштво:  БНД ме испрашуваше во Берлин

По атентатот врз претседателот Киро Глигоров, јас бев во Берлин. Еден ден, во ресторанот „Ново Скопје“, кај мене дојдоа двајца припадници на германската разузнавачка служба БНД. Ми соопштија дека следниот ден треба да се јавам во нивните простории, во близина на аеродромот Темпелхоф.

Според тоа што ми го кажаа во БНД, македонската служба ме ставила на листата на осомничени и побарала од германската страна да ме испраша. Три дена по ред одев на тие разговори.

Кога заврши официјалниот дел од испрашувањето, ги прашав дали заклучиле дека сум вмешан во атентатот. кратко ми одговорија:

„Ние знаеме дека не си вмешан. Твоите од Македонија бараа да те испитаме.“

Тогаш прашав кој е организаторот или нарачателот на атентатот.

Ми возвратија дека сум повикан тие да ми поставуваат прашања, а не јас да ги прашувам нив.

Сепак, продолжив да инсистирам. Според моето сеќавање, во тој разговор ми го спомнаа името на тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, како и имињата на уште двајца високи функционери во тогашната македонска влада.

Ова го пренесувам како мое лично сведоштво за она што ми беше кажано по завршувањето на официјалното испрашување. Спомнувањето на тие имиња во разговорот само по себе не ја докажува нивната вмешаност или одговорност за атентатот. Но за мене останува сериозна причина да барам да се провери што знаеле службите и врз какви сознанија ги темелеле своите зборови.

Одговорот што го добив ми остана врежан во сеќавањето. Ако, како што ми рекоа, знаеле дека не сум вмешан, врз каква основа моето име било ставено на листата на осомничени? Кој го побарал моето испрашување и со какви информации го образложил тоа барање?

Касетите и прашањата за нивната содржина

Доколку истрагата сè уште трае, подготвен сум пред надлежните институции да го кажам и она што го знам за документите снимени на касети, кои, според моите сознанија, биле предадени во македонската амбасада во Берлин, а потоа доставени до претседателот Киро Глигоров, за ова има жив сведок кој може ова да го потврди.

Според информациите што ги добив, касетите биле проверувани во македонската служба, а делови од снимениот материјал биле бришани.

Ова е сериозно тврдење што бара проверка. Самата информација за бришење не докажува дека биле отстранувани имиња на нарачатели или извршители на атентатот. Но отвора прашања: што содржеле тие делови, кој имал пристап до касетите, дали навистина биле менувани и дали постојат оригинали или копии со кои може да се направи споредба?

Подготвен сум да ги споделам своите сознанија и да дадам мислење за тоа како би можело повторно да се дојде до снимки од оригиналните касети. Можеби токму споредбата на оригиналниот материјал со доставените примероци би помогнала да се разјасни дали нешто било отстрането и какво значење имало тоа за истрагата.

Останува и прашањето за потеклото на првите снимки од настанот. Според она што ми е познато, тие биле поврзувани со лице претставено како германски турист, кое наводно случајно се нашло на местото. Присуството на турист со апарат само по себе не докажува дека однапред знаел што ќе се случи, но „случајното“ присуство и времето на снимањето заслужуваат сомнеж дека германската БНД знаела за атентатот и за точното време кога тоа ќе се случи и на кое место.

Што знаеле службите и зошто случајот остана нерасветлен?

Моето сомнеж дека службите знаеле повеќе отколку што ѝ соопштиле на јавноста. Се прашувам дали ширењето на истрагата можеби служело и за оддалечување од вистинската трага, тоа е мој сомнеж за прикривање на вистината.

Поминатите години не ја намалуваат тежината на злосторството, ниту потребата тоа да биде расветлено. Почитта кон жртвите бара истрајност во барањето на вистината, а довербата во институциите бара отчет за нивното постапување.

Подготвен сум да го кажам она што го знам и да помогнам тоа да се провери. Оригиналните снимки, службената документација и сведоштвата треба да покажат што навистина се случило, без однапред да се прогласува нечија вина.

Одговорноста не завршува со реченицата „сторителот е непознат“.

Македонија заслужува да дознае кој стоел зад атентатот врз Киро Глигоров, но и зошто случајот останал нерасветлен.

Вистината им ја должиме на жртвите, на нивните семејства и на идните поколенија.

Најново од: На прво место

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

Најнови вести

To top