На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора.

И тоа не беше само облекување на една мала бронзена статуетка. Тоа беше потврда и промоција на една национална историја, на култура што преживеала векови, на јазик што не престанал да зборува, на име што не исчезнало и на народ што, колку и да било тешко, останувал свој.

Токму на денот кога се одбележуваше 8 Септември – Денот на македонската државност – во срцето на Брисел се случи настан можеби мал по своите димензии, но огромен по своето значење.

Светски познатата статуетка од Брисел, „Манекен Пис“, проговори на македонски јазик – и тоа без зборови

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора.

И тоа не беше само облекување на една мала бронзена статуетка. Тоа беше потврда и промоција на една национална историја, на култура што преживеала векови, на јазик што не престанал да зборува, на име што не исчезнало и на народ што, колку и да било тешко, останувал свој.

Пред очите на Брисел и на цела Европа, македонската песна одекна преку звуците на македонската химна

Македонската носија помина низ улиците на европската престолнина во свечена процесија, меѓу луѓето и институциите, не како музејски експонат, туку како жива култура.

Токму затоа оваа слика ќе остане да живее многу подолго од еден ден. Зашто Македонија не бараше дозвола да биде Македонија. Не бараше ничие одобрение за својот јазик. Не се откажуваше од своето наследство. Не ги менуваше своите симболи за да биде прифатена. Не се откажуваше од себе за да влезе во Европа.

Само дојде. Со својата песна. Со својата носија. Со своето име. И застана исправена.

Од Македонија до Брисел

Македонија, на својот голем празник – Третиот Илинден – со љубов го освои срцето на Европа. Носија од едно мало македонско село стигна до еден од најпознатите европски симболи.

И повторно, на еден значаен датум и јубилеј – 8 Септември – Македонија доби можеби необично, но навистина моќно сведоштво за својата историја: малото бриселско бронзено момче облечено во македонска народна носија.

Мало по својата става, но големо по пораката.

Македонија постои! Македонија памети! Македонија слави! Македонија игра, пее и се радува! Македонија не се предава!

Извор: „Нова Македонија“ – Н.М.
Прочитајте го изворниот текст

Најново од: На прво место

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

To top