Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност.

Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски
Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал.
По одличната победа со едногласна одлука на судиите од 5:0 во претходната борба, Софија во финалето се соочи со квалитетна и искусна противничка.
Иако овојпат златниот медал ѝ избега, македонската боксерка покажа борбеност, решителност, спортски дух и голема желба за победа.
Освојувањето на сребрениот медал во меѓународна конкуренција претставува значаен успех, но и дополнителен мотив за понатамошна работа, усовршување и постигнување нови спортски резултати.
Ваквите натпревари се драгоцено искуство за младите македонски спортисти и уште еден чекор напред во нивниот спортски развој и афирмацијата на македонскиот спорт на меѓународната сцена.
Софија заслужува честитки за својот настап, вложениот труд и достоинственото претставување на Македонија.
Браво, Софија! Честитки за сребрениот медал и многу успех во следните спортски предизвици. Македонија се гордее со тебе!