Коментари

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите.

Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ.

Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, кој опфаќа делови од Бенелукс и Германија, околу градот Хановер, не е прецизно утврдено колкаво било, но сигурно постоело, некое време, едно кралство.

На чело на тоа кралство стоел крал, познат по своето необично, ексцентрично однесување и затоа не бил прифатен и почитуван како што прилега за еден суверен, иако бил многу добар.

Врв на таквото ексцентрично однесување било тоа што наредил во неговото кралство, покрај дотогашниот јазик на кој се говорело, официјално да се поистовети и КОЊСКИОТ ЈАЗИК.

Образложението му било дека неговиот коњ, што го јавал кога се нашол во една сериозна, животозагрозувачка неволја, на неговото запомагање – кога никој од неговата придружба не одговорил – се вратил и го извлекол од живиот песок.

Исмевањето на сметка на неговата кралска уредба добивало толку голем замав што од сите блиски и подалечни места почнале масовно да доаѓаат луѓе и, со голема доза иронија, да го слушнат официјално, законски воспоставениот и рамноправен со дотогашниот официјален – КОЊСКИ ЈАЗИК.

Веста се ширела со секавична брзина, а народ пристигал од сите страни.

А тој народ требало да се нахрани, напои, да му се обезбедат легло, облека, превоз и така натаму.

Почнале да никнуваат бројни дуќани, пекарници, месарници, гостилници, анови, занаетчиски и услужни дејности. Сè на сè, кралството, кое дотогаш било сиромашно и неатрактивно за човечко битисување, а камоли за нешто што личи на благосостојба, веднаш се вивнало со огромен раст на економијата, услужните дејности, градежништвото, забавата и хотелиерството. Сè живо цветало, на радост и на домашните и на новодојдените.

Да не должам повеќе, до денес таа територија, на која некогаш се простирало кралството каде што официјален јазик бил и КОЊСКИОТ, е едно од најсреќните, најбогатите и најпристојните места за живеење на планетата Земја.

Неколку векови подоцна, група авторитети, благодарни на веќе запоставениот КРАЛ ЕКСЦЕНТРИК, поставиле на неговиот гроб нова мермерна плоча со подолг епитаф со следната содржина:

ДОБРИТЕ ЕКСЦЕНТРИЦИ ЖИВЕАТ КРАТКО, НО ДЕЛАТА ГИ ПРАВАТ ВЕЧНИ!!

ЛОШИТЕ НОРМАЛНИ, ТИЕ ПАК, ВООПШТО НЕ СЕ НИ РОДИЛЕ!

Сега јас си посакувам вистинските коњи, како оној на кралот, да решаваат за мојот мајчин МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, а не луѓе со коњска руба и разум.

Затоа од никого не барам да ми дозволи да зборувам, да пеам, да навивам, да пцујам, да се расправам, да пишувам и читам, да слушам театарски претстави, филмови, да сум сведок на караници и помирувања и да се насладувам на сите преводи од бројните други јазици што ги сакам, прифаќам и признавам, како и мојот мајчин јазик – МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК.

Сакам да им се извинам на моите читатели, но и да го истурам сиот мој личен бес и колективен МАКЕДОНСКИ БЕС кон оние тешки ГОВЕДА што ми забрануваат да се разберам на јазикот што сум го научил од мајчината града МАКЕДОНСКА, уште непрооден и неседнат.

Прво научив да зборувам МАКЕДОНСКИ. Со тоа почнав да ЖИВЕАМ, а многу подоцна да одам, да седам и да скокам.

Извинувањето е дека никогаш, ама никогаш досега, не сум помислил да пишувам нешто за да се бранам себеси, мојот род и мојот јазик што ме идентификува дека сум ЧОВЕК.

СРАМ за некои шимшилиња милет.

Се родивте како луѓе, живеете како ѕверови, а ќе умрете заборавени.

На крај, со почит кон мојот најдобар другар од детството, мојот идол, најблизок комшија во Охрид и братучед, најпродуктивниот МАКЕДОНЕЦ во последниве 100 години во областа на литературата и афоризмите, неминливиот ИВАН КАРАДАК, алијас ИЛЧЕ МАРКОСКИ, ќе завршам со, според многу критичари, неговиот најдобар афоризам:

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е МНОГУВЕКОВЕН: – СО ВЕКОВИ СОСЕДИТЕ ГО НЕГИРААТ.

Благодарам, КАРАДАК.

Твоите многубројни обожаватели, или поточно сите на број во нашата мила татковина, те разбраа, а соседите ги фрли во ПАНИКА.

Зборувајте МАКЕДОНСКИ за да ве обожава сиот свет и да се засрами целата Европска Унија.

Зборувајте македонски и почнете да живеете, вие што го оспорувате и негирате. Во спротивно, не сте се ни родиле воопшто.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top