Тема: македонски фолклор

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Кога македонската песна ќе одекне во Егејска Македонија, срцето чука посилно

Постојат мигови кога зборовите не се доволни. Кога една песна, едно оро и една развеана насмевка кажуваат повеќе од илјада говори. Такви се сцените што повторно се гледаат во многу места низ Егејска Македонија – сцени што ја будат гордоста, ја враќаат надежта и потсетуваат дека коренот може да биде притиснат, но не и уништен. […]

Културното наследство во Пиринска Македонија–вековен печат на македонската традиција

Атанас Кирјаков   Пиринска Македонија претставува еден од најбогатите историски и културни простори на Македонија. Во овој крај се сочувани бројни археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири, традиционални куќи, народни носии, песни, ора и обичаи што сведочат за континуитетот на животот и културата низ вековите. Од античкиот град Хераклеја Синтика кај Рупите, преку духовните центри […]

Македонски народни песни од село Зарово, Солунско Егејска Македонија

Селото Зарово се наоѓало североисточно од градот Солун, на растојание од околу девет часа одење, односно приближно 45 километри. Припаѓало на Лагадинската околија и било сместено на едно извишување на Карадаг, односно Круша Планина. Се граничело со селата Негован, Богородица, Висока, Берово и со реката Богдана. Богатата народна традиција на ова македонско село била предизвик […]

Георги (Ѓорѓи) Томов – првиот амбасадор на македонската култура во САД, патриот, уметник и пријател на сите Македонци

Георги (Ѓорѓи) Томов – Роден е во 1933 година во Струмица, Македонија, починал на 5 август 2008 година во Вејн (Wayne), Њу Џерси, САД Кога се зборува за македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави и за луѓето кои најмногу придонеле за афирмација на македонската култура надвор од татковината, едно име неизбежно се издвојува – Георги […]

Кирил Пенушлиски

Кирил Пенушлиски (15. Ⅺ 1912 –  23. Ⅴ 2004) е македонски универзитетски професор, ректор, основоположник на македонската фолклористика. Објавил шеесетина книги, во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Заслужен е за објавените собрани дела на Марко К. Цепенков, и Стефан И. Верковиќ. Кирил Пенушлиски е роден во Солун на 15 ноември 1912 година. Завршил основно образование во родниот […]

To top