Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Александар Донски

Александар Донски

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера.

Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј текст младата Марика ја прашува мајка си дали да се омажи за извесен Ѓорѓија, за кого слушала дека пред неа променил дури девет жени. Мајка ѝ ја советува да го стори тоа. Марика се мажи за Ѓорѓија, но на крајот од песната слушаме дека Марика била во право кога не сакала да се омажи за него. Еве како треба да изгледа оригиналниот текст на оваа песна:

Мајка на Марика думаше,
– Марике, ќерко Марике,
земи го ќерко Ѓорѓија,
Ѓорѓија први бекрија.
– Нејќам го мајко Ѓорѓија
Ѓорѓија први бекрија.
Девет си жени оставил.
Јас ќе сум мајко десета.
Послуша Марика мајка си.
Зеде го Ѓорѓи бекрија.
Ѓорѓи на Марика думаше:
– Марике либе Марике.
Нова се крчма отвара.
Мене ме канат да идам.
Сефтето да им направам.
Фирмата да им напишам.
Ене го Ѓорѓи кај иде
Девет му зурли свиреа
Десет тапани чукаа.

За жал, мнозина наши интерпретатори, меѓу кои и познати имиња, стиховите „Девет си жени оставил / јас ќе сум мајко десета“ непромислено ги пеат како „Девет си жени ПОГУБИЛ / јас ќе сум мајко десета“. На ваков начин тие ја прават апсурдна целата содржина на текстот.

Ако навистина ликот од оваа песна, Ѓорѓија, „погубил“ девет жени, тој, како познат сериски убиец, сигурно би бил осуден на смрт или на долгогодишна робија, во кој било режим што владеел со Македонија, а не би му било дозволено слободно да се ожени и по десетти пат. Напротив, тој бил само пијаница, веселник и боем, и тоа била причината за оставањето на претходните девет жени. Впрочем, ова најдобро го потврдуваат последните стихови од песната.

Дека ова не е сосема наивно, да си замислиме дека некој странец ќе нѐ праша да му ги преведеме стиховите од оваа убава песна. Што ќе си помисли за нас како народ ако му кажеме дека песната опејува „сериски убиец“, кој не само што не бил осуден за своите девет убиства, туку слободно се оженил по десетти пат и бил поканет да присуствува на отворањето на нова меана?

Инаку, не сите интерпретатори вака погрешно го пеат овој стих. Во изведбата на оваа песна од групата предводена од Петар Ренџов, сосема коректно се пее дека ликот од оваа песна, Ѓорѓија, само ги „оставил“, а не ги „погубил“ претходните девет жени. Апелирам до сите што ја исполнуваат оваа песна да внимаваат на ова.

Антимакедонски стихови во песната „Народе македонски“

Следниот пример е уште подрастичен затоа што се работи за една од најпознатите македонски патриотски песни – „Народе македонски“. Којзнае од каде, некои интерпретатори во оваа песна уфрлуваат строфа со јасна антимакедонска содржина. Еве ги почетните стихови од оваа песна:

Народе македонски, со какви идеи си ти?
Доста беше разбуди се, свести се не спи ти.
Не знаеш кој си, што си – другите те знаат.
Срам голем е за тебе сам да се не знаеш.
Писнаа жени, деца во село Загоричани.
А пред аскерот турски фрлајте со оружјето.

По овие строфи, некои интерпретатори ја уфрлуваат следната строфа:

Каде е Караиванов и дружината му?
Мелас, Каравангелис, в Битола в затвор е тој.

Токму оваа строфа е со чиста антимакедонска содржина и нејасно е зошто некои интерпретатори, веројатно поради неукост, ја уфрлуваат во убавата македонска песна.

Како прво, во македонската историја никогаш не постоел никаков војвода или комита „Караиванов“! Напротив, овде станува збор за Алексис Караливанос – Македонец гркоман од Кожани, кој бил во служба на грчките андарти со задача да се бори против македонските револуционери. За време на Илинденското востание активно работел против нашите комити, наводно штитејќи ги патријаршиските, гркомански села во западниот дел на Егејска Македонија. Соработувал и со турската власт, од која бил задолжен да го спречува снабдувањето со оружје на македонските револуционери. Сепак, во 1905 година, како грчки националист, бил затворен во Битола, но во 1908 година бил ослободен.

Што се однесува до спомнувањето на Мелас, тоа несомнено е Павлос Мелас (1870–1904), кој бил грчки офицер, еден од првите раководители на грчката вооружена пропаганда во Македонија и еден од главните иницијатори за испраќањето грчки чети во нашата земја, кои нанеле многу зла врз нашиот народ. Тој отворено се борел против четите на Македонската револуционерна организација, погрдно нарекувајќи ги „бугарски орди“.

Иако јавно изјавувал дека нема намера да се судира со турскиот аскер, сепак бил наместен од македонскиот војвода Митре Влавот, со чија чета претходно водел борби, и бил убиен во селото Статица во 1904 година. Денес во Грција е сметан за национален херој, а селото Статица во Егејска Македонија е преименувано со неговото име.

Третиот Грк спомнат во овој стих е Германос Каравангелис (1866–1935), родум од островот Лезбос. Во 1900 година бил поставен за митрополит во Костур со цел да го грцизира македонското население. Тој директно ги координирал своите дејства со турските офицери и организирал акции против МРО.

Во текот на задушувањето на Илинденското востание, Каравангелис присуствувал на палењето на три македонски села, при што лично настојувал да се ликвидираат повидните дејци од македонското револуционерно движење. Во 1903 година Каравангелис му платил 50 лири на македонскиот предавник Коте Христов да го убие војводата Лазар Поп-Трајков, а фотографијата со главата на војводата ја закачил во својот кабинет.

Каравангелис бил еден од главните организатори на крвавата свадба во Зелениче и на масакрот во Загоричани, што самиот го спомнува во своите мемоари. Овој масакр се случил на 7 април 1905 година, кога околу 200 до 300 грчки андарти го запалиле селото, а населението го масакрирале, при што биле убиени 60 селани – жени, деца и старци.

Имајќи го предвид сето ова, нема никаква логика имињата на овие грчки злосторници да бидат спомнати во нашата патриотска песна без да се опише нивната улога, во стилот „Бог да ги убие…“ и слично. Напротив, стиховите „Каде е Караиванов и дружината му…“ повеќе наликуваат на стихови со позитивна конотација, налик на стихот „Кај е Гоце, кај е Јане…“, отколку на опејување злосторник.

Нашите интерпретатори треба да престанат да се брукаат преку исполнувањето на овој стих во песната „Народе македонски“, чие вметнување не само што отскокнува од останатите стихови на песната и нема никаква логична поврзаност со нив, туку и опејува злосторници кои дејствувале токму против опеаниот македонски народ.

Најново од: Коментари

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

To top