Песни за Македонија

Македонски народни песни од село Зарово, Солунско Егејска Македонија

Селото Зарово се наоѓало североисточно од градот Солун, на растојание од околу девет часа одење, односно приближно 45 километри. Припаѓало на Лагадинската околија и било сместено на едно извишување на Карадаг, односно Круша Планина. Се граничело со селата Негован, Богородица, Висока, Берово и со реката Богдана.

Богатата народна традиција на ова македонско село била предизвик и за Антон П. Стоилов, познат собирач на народни умотворби, кој запишал повеќе песни и подготвил студија за Зарово.

Во продолжение се објавени дел од народните песни запишани од Зарово и од иселеници од овој крај, сочувани во автентична дијалектна форма.

Садила Гела босиљак

Садила Гела босиљак,
на суха хрида без јода,
јода нема да го вади,
плета нема да го гради.

Гела си очи цадила,
та си босиљак вадила,
Гела си вежди кинала,
та си босиљак градила.

– Чин ми се, Боже, босиљак,
чин ми се гора зелена!

Как се девојка молила,
т’ј ми босиљак нараснал:
под него офци пладнеха,
под него људи седеха.

От там мина левен Митре,
левен Митре терзичечто,
скина си ср’ка босиљек,
наренди ја на чалмата.

Отде го виде Гелина,
љута го клентва проклела:

– Ис’хнала ти р’нката
като Гелино босиљак!

Ја тој и вели-говори:

– Не к’лни, добра девојко!
Јази си имам армасница
и тја тебе за те к’лне!

Слушана на оро во Зарово.

 

Вергино, мома јубава

Вергино, мома јубава!
Зела кад’на бардако,
м’р да јотиде за јода,
от неја река далеко.

Отгде ја вида Турчин,
и он отиде по неја,
а тој и вели-гоори:

– Подај, Вергино, бардако!

Викна Вергина, заплака:

– Јој леле, Боже до Бога,
што е това лудо до мен?

Мене ме е мајка зарекла,
зарекла, дилбер проклела:
на Турчин јода да не дам,
на каурин ран босиљак,
че Турчин е клето куча,
каурина е касканџија.

 

Бигала е Велика влахиња

Бигала е Велика влахиња,
по едно старо харо гурливо,
старо гурливо, гиди махнето,
гиди махнето, гиди грбато.

На р’нка му легне кат на грамуда,
ф пазука му бркна кат на студен камен,
д’хо му мириса на гнила јаб’лка.

Младо, младо, гиди росно злато,
гиди росно злато, првно љубо!

На р’нка му леге шиперница,
ф пазука му брка кат ф коприна,
дахо му мирисе на ран бел босиљак.

Слушани од Марија Вангелова во с. Белица, Светиврачко, на 15 октомври 1927 година.

 

Девојко мари, изгоро ле

Девојко мари, изгоро ле,
од Бога нашла тојата мајка,
што те пуштила рано за јода,
рано за јода ф недеља,
там где идат Турци, каури,
Турци, каури, млади јунаци.

Ја те и вељат-гоорат:

– Девојко мари, изгоро ле!
Откак си села ран босиљак,
не си го видела, вадила.
Чини ми се честа планина,
под него људи седеха,
људи седеха, офци пладнаха.

От там помина луд гидија,
мома му вели-гоори:

– Ко си ерген, постој, чакај,
да ти дам китка мешана;
ко си женен, глендај си п’нто,
глендај си п’нто, скрши си врато!

– Не с’м ерген, но посрнен,
мајка ми зела невеста,
харо дремливо, мошне спанливо:
фашта да пере, пере и дреме,
гарги врвјат, сапун и дигат;
фашта да меси, меси и дреме,
кокошке врвјат, тестото дигат.

 

Дилбер Стојна хубава

Дилбер Стојна хубава,
дилбер цвете в гардина,
што расцвти у година,
еднош не влезе у гардина,
да набериш, да нарендиш?

Стојна бели крај Вардаре,
Вардар дојде, пројде,
јодзе Стојна надолу,
надолу к’нда реката.

Чобан пасе стадото,
теко стадо белицко.

Стојна му вели-гоори:

– Јој чобанче, хајванче!
Не ми м’нти јодата.
Извади мома од бел Вардар,
јотнеси ја у дома и.

Мајка и за те подари
тенка кошуља ленена;
сестра и за те подари
сина риза везана;
брат и за те подари
чиф пиштоли да меташ.

Слушани од Ангелина Дељова во с. Белица, Светиврачко, на 15 октомври 1927 година.

Антон П. Стоилов – собирач на македонски народни умотворби

Роден е во селото Лешко, Горноџумајско, во 1869 година. Во текот на својот живот собрал богат фолклорен и етнографски материјал од повеќе краишта на етничка Македонија, особено од местата каде што работел како учител.

Објавил повеќе книги и оставил значаен придонес во зачувувањето на македонското народно творештво. Починал во Софија во 1928 година.

Од записите на Антон Поп Стоилов.
Подготви: Марко Китевски

Најново од: Песни за Македонија

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Најнови вести

To top