Песни за Македонија

Гордана Димовска : Света земја

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Ти не си чудо,
ти си светлина на светот.
Ти си дрво со длабоки корени.

Многупати некој ги кршел твоите гранки,
удирал и во коренот,
но ти сепак имаш некоја сила –
не дозволуваш сосем да те уништат.

На твоите гранки лисја се веат,
шепотат и дење и ноќе.
Ги будат другите цветови и тревки,
ја будат целата природа.

Те оспоруваат и ограбуваат,
но имаш чеда со големо срце,
кои воскликнуваат на твоето име
и пеат за тоа име свето.

Земјо најсвета,
ти си како песна
со стихови весели и тажни.

Стихови како охридските бели бисери
се редат и не сакаат да има крај –
не додека не го нанижат најубавиот ѓердан,
за да го носат и стари и млади,
дома и во туѓина.

Да им зборува за историјата твоја.
Да не го носи никој затоа што мора,
туку затоа што те сака
и ужива во твојата убост.

И ајде, повторно раскажи ми
за едно дамнешно време.
Раскажи ми за историјата
што некој ни ја краде,
а нас во душата нè јаде.

Зошто ли, зошто и ден-денес
некој сака да ја даде?

Исправена пред новите предизвици,
не дозволувај никој да ја помрачи
твојата историја
или да го промени твоето име…

А јас, што и да те наречам,
малку ќе биде!

 

Најново од: Песни за Македонија

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 – ти Октомври Од маглата тешка на ропската ноќ, се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го кули. И Куманово во истата зора, запали оган среде таа гора.   Пукна првата пушка, одекна глас, „Доста е ропство, дојде наш час!“ Не за туѓи круни, […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Најнови вести

To top