На прво место Дијаспора

Македонците во Австралија со голема љубов прославуваат 35 години од независноста на Македонија

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Заедницата во Австралија се смета за една од најдобро организираните во светот, каде што прославите не се само обичен настан, туку чин на национално единство.

Големата почит кон македонските национални празници во дијаспората, особено во Австралија, е клучниот столб што ги чува македонскиот идентитет, јазик и култура илјадници километри подалеку од татковината.

Манифестациите во дијаспората се карактеризираат со неколку клучни елементи.

Чување на фолклорот и традицијата

Македонските културно-уметнички друштва (МКУД), како „Јане Сандански“, „Никола Карев“, „Тоше Проески“ и многу други во Мелбурн, Сиднеј, Перт и Аделаида, се јадрото на овие прослави.

Преку масовните настапи на младите генерации, облечени во традиционални македонски носии, дијаспората покажува дека корените успешно се пренесуваат на третата и четвртата генерација Македонци родени во Австралија.

Улогата на Црквата и општините

Македонските православни црковни општини низ Австралија редовно организираат свечени литургии, панихиди за паднатите борци за слобода на Македонија, како и народни собири и пикници.

Големите празници, како Илинден – 2 Август и Денот на независноста – 8 Септември, секогаш започнуваат со духовно и државно оддавање почит.

Она што ја прави дијаспората во Австралија особено горда е фактот што почитта кон македонските празници често е препознаена и од локалните австралиски власти.

На свеченостите редовно присуствуваат австралиски премиери на сојузните држави, градоначалници и пратеници, кои јавно придонесуваат кон мултикултурниот мозаик и го истакнуваат придонесот на Македонците во градењето на Австралија.

На многу значајни јубилеи, македонското знаме се вее и пред објектите на локалните општини – City Halls.

По повод овие големи национални празници, во организација на македонските менаџери и клубови во Австралија, редовно гостуваат врвни музички уметници од Македонија, кои преку македонската песна дополнително ги будат емоциите и патриотизмот кај Македонците во австралиските градови.

И по повод Денот на независноста на Република Македонија, оваа година се организирани голем број прослави, како што беше денес, на 5 септември 2026 година, во „Ferraro Reception“, каде што Федерацијата на пензионерските друштва во Викторија организираше масовна прослава.

Повеќе од 400 луѓе ги пееја македонската и австралиската химна, по што следуваа говори на австралиски парламентарци, кои јасно ја истакнаа неприкосновената улога на македонската заедница во Викторија, која дава силен придонес во јакнењето на мултиетничкото општество во Австралија.

Честитки до сите Македонци ширум светот! Нека ни е вечна 35-годишнината од независноста на Македонија и нека следуваат години на поголеми успеси и просперитет.

Најново од: На прво место Дијаспора

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

To top