На прво место Историја

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“.

Зеленич пред нападот

Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето дејствување во Леринско и Костурско. Меѓу нивните цели биле селата во кои македонските верници ја напуштиле јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и преминале под Егзархијата.

За грчкото национално движење, припадноста кон Патријаршијата служела како основа населението да се вбројува во грчката заедница. Притисокот врз селата вклучувал закани до кметовите, учителите и свештениците, како и вооружени напади.

Во Зеленич притисокот бил забележан и пред свадбата. Според грчкиот истражувач Димитрис Литоксој, во 1903 година костурскиот митрополит Германос Каравангелис влегол во селото со воена придружба. Тогаш врз селскиот старешина бил извршен притисок да ги предаде клучевите од егзархиската црква. „Македонската енциклопедија“ го поврзува подоцнежниот напад на свадбата со преминувањето на тамошните верници под Егзархијата.

Нападот врз свадбарите

Меѓу водачите на нападот биле Георгиос Катехакис, познат како капетан Рувас, и Ефтимиос Каудис. Според Христо Силјанов, вооружените луѓе тргнале од Лехово. Кога стигнале во Зеленич, дел од нив се распоредиле надвор, а други влегле во куќата на Готеви.

Силјанов пишува дека во куќата биле собрани роднини, пријатели и неколкумина од локалните Турци, поканети од домаќинот. Додека едни андарти пукале во куќата, други стрелале однадвор.

Каудис, кој учествувал во нападот, во своите мемоари опишува како двајца од неговите луѓе застанале од двете страни на вратата и пукале во насобраните во свадбената одаја. Тој забележал и дека еден од напаѓачите ја застрелал жената што готвела во дворот. Според неговото сведоштво, во исто време Катехакис со неколкумина луѓе разменувал оган на крајот од селото.

Реакцијата на османлиските власти и на конзулите

Според Силјанов, леринскиот кајмакам и битолскиот валија првично ги припишале убиствата на расправија меѓу свадбарите. Во австро-руската дипломатска нота упатена до Високата порта, пак, било наведено дека вооружена грчка чета го опколила селото и дека дел од неа влегол во куќата каде што се одржувала свадбата. Според нотата, османлиската војска и жандармеријата пристигнале дури следниот ден. Рускиот и австрискиот конзул го посетиле Зеленич на 16 ноември.

Во дипломатската нота се наведени 13 убиени и петмина ранети. „Македонската енциклопедија“ исто така наведува 13 убиени. Историчарот Димитар Љоровски Вамваковски, повикувајќи се на истражувањето на Крсте Битовски, наведува 11 убиени и четворица ранети. Изворите даваат и различни податоци за бројноста на четата. Во дипломатската нота се споменуваат повеќе од 60 напаѓачи, а во студијата на Љоровски Вамваковски се наведуваат 36.

Нападите продолжиле

Неколку месеци подоцна, во 1905 година, андартска чета го нападнала и селото Загоричани во Костурско. Таму биле убиени голем број жители и биле опожарени куќи.

Во Неволјани, Леринско, четата на Каудис повторно нападнала свадба. Судбината на свадбарите во Зеленич е дел од историјата на насилството врз селското население во годините по Илинденското востание.

Најново од: На прво место Историја

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

To top