Македонски легенди

Ванчо Николески

Ванчо Николески (10. Ⅵ 1912 – 15. Ⅳ 1980) е македонски писател, татко на македонската современа литература за деца и младина. Тој спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и е најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Неговите песни и поеми, раскази и романи се исполнети со теми и мотиви од подалечната и поблиската историја на македонскиот народ.

Ванчо Николески е роден на 10 јуни 1912 година в охридското село Црвена вода. Основно училище завршил во родното село, гимназија во Охрид, а педагошко училиште во Скопје. По завршувањето на педагошкото училиште работел како учител во многу села низ Македонија (Белчишта, Косел и др.). Уште како ученик и млад учител пишувал песни за деца, објавувајќи ги во весниците „Учитељски подмладак“ (Ужице) и „Правда“ (подлисток за деца, Белград), како и во списанието „Венац“ на Јеремија Живановиќ (Белград).

За време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, Николески е еден од првите учители на македонски јазик во селата на ослободена Дебарца. Сам пишувал текстови на македонски јазик и со нив држел настава.

По ослободувањето во 1944 година работи во Детска радост како редактор на весниците „Титов пионер“ и „Пионерски Весник“ и во детските емисии на Радио Скопие и Радио Битоля. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1950 година. Поголем дел од својата кариера поминал во Битола како просветен работник, а последните години ги поминал во Охрид.

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои „Климент Охридски“, „11 октомври“, и „Младо поколение“.

Ванчо Николески починал на 15 април 1980 година во Охрид.

Во негова чест Друштвото на писателите на Македонја ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

Негови најпознати дела се: „Македонче“ (збирка песни за деца, 1946); „Мице“ (поема, 1947); „Моето село“ (песни, 1950); „Чудотворен кавал“ (разкази, 1952); „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на цар Самуил, 1954); „Волшебното самарче“ (роман, 1962); „Гоце Делчев“ (роман, 1964) и многу други.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top