Тема: македонска книжевност

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Стерјо Спасе од Глобочани

Стерјо Спасе, еден од најпознатите романсиери во Албанија и истакнат претставник на македонското малцинство во таа земја, роден на 14 август 1914 година во селото Глобочани, во Мала Преспа, починал на 12 ноември 1989 година во Тирана. Неговото пошироко семејство ја носело родовската ознака Ничовци и било меѓу побројните семејства во Глобочани. За свое презиме […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

„1762 лето“ – „В Охрида од Цариграда дошел салаор“: бесмртната песна на Григор Прличев за трагедијата на Охридската архиепископија

Повеќе од два и пол века по укинувањето на Охридската архиепископија, стиховите на Прличев продолжуваат да одекнуваат како сведоштво за една историска неправда и како потсетник на вековната борба за зачувување на духовниот и националниот идентитет. Токму затоа „1762 лето“ не е само песна за минатото, туку и порака до идните поколенија дека народот кој […]

„Автобиографија“ – животната исповед на Григор Прличев

„Автобиографија“ е едно од најзначајните дела на Григор Прличев и претставува искрено сведоштво за неговиот живот, неговите успеси, разочарувања, борби и идеали. Напишана во последните години од неговиот живот, оваа книга не е само приказна за еден човек, туку и драгоцен документ за времето во кое живеел, за состојбите во Охрид и Македонија во XIX […]

Стојан Христов

„Ние сме посвоени синови и ќерки на Америка и на другите држави во светот, но Македонија е родена наша мајка и ние не можеме да ја заборавиме“ – велеше Стојан Христов, македонскиот печалбар од Кономлади, Костурско Егејска Македонија кој стана американски писател, новинар и сенатор. Стојан Христов (1898 – 1996) – македонскиот печалбар што стана […]

Чудата на Дева Марија во преводите и литературата на Јоаким Крчовски – дел II (16)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Љубовта кон Богородица била безгранична кај верниците. Во чудото 12 девојката Марија ја искажува таа љубов на директен начин. Таа го сакала манастирскиот живот и нејзините богати родители ја оставиле дефинитивно во еден женски манастир, каде што чедната Марија […]

Григор Прличев – вториот Хомер од Охрид

Роден: 18 јануари 1830 година, Охрид Починал: 25 јануари 1893 година, Охрид Професија: поет, учител, преведувач и преродбеник Најпознати дела: „Сердарот“, „1762 лето“, „Скендербег“, „Автобиографија“ Признание: „Вториот Хомер“ по победата на поетскиот натпревар во Атина во 1860 година Кога се зборува за најголемите имиња во македонската културна и книжевна историја, невозможно е да се заобиколи […]

Грк сам го научи македонскиот јазик и на него ја напиша својата прва книга

Сотирис Минас со двојазичната стихозбирка „Раскинување на договорот“ испраќа силна порака за јазикот, идентитетот и слободата Во издание на „Матица македонска“ наскоро од печат ќе излезе стихозбирката „Раскинување на договорот“ („Λύση Συμβολαίου“) од грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Станува збор за негово прво поетско дело, објавено двојазично – на грчки и на македонски јазик. […]

МЛД Кочо Рацин – Мелбурн, го одбележа Денот на македонскиот јазик

МЛД Кочо Рацин – Мелбурн, го одбележа Денот на македонскиот јазик со литературно читање и изложба на книги. Настанот го разубавија и играорките облечени во народни носии и кои изиграа неколку ора. Претседателката на друштвото Гордана Димовска го отвори настанот и меѓу другото рече: Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Maкедонскиот јазик не е […]

Ванчо Николески

Ванчо Николески (10. Ⅵ 1912 – 15. Ⅳ 1980) е македонски писател, татко на македонската современа литература за деца и младина. Тој спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и е најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Неговите песни и поеми, раскази и романи се исполнети со теми и мотиви од […]

To top