Македонски легенди

Ванчо Бурзевски

Ванчо Бурзевски (2. I 1916 – Скопjе, 8. V 2007) е македонски наcионален деец, учесник во НОБ, економист, универзитетски професор и амбасадор. Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938– 1941) и член на КПJ (1941). Бил избран делегат за Второто заседание на АВНОJ и делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободуваwето извршувал повеќе општествени и политички функции во СР Македонија и СФР Југославија.

Ванчо Бурзевски е роден на 2 јануари 1916 година во село Немањици, во близина на Свети Никола. Уште како млад се приклучил на прогресивните студентски движења. Бил член на Македонското национално движење (МАНАПО) во Загреб и Белград од 1938 до 1941 година, кога станал член на Комунистичката партија на Југославија.

Во текот на Втората светска војна, Бурзевски имал значајна улога како организатор и лидер. Тој бил член на Месниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Свети Никола и организатор на Воениот комитет за Овчеполскиот регион, потоа секретар на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Гостивар, член на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Тетово, секретар на Првиот окружен комитет на Комунистичката партија на Југославија и заменик-политички комесар на дивизијата на НОВЈ. Бил избран за пратеник на Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година и на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

По Ослободувањето, Бурзевски продолжил со истакната политичка и дипломатска кариера.Тој бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација на владата на ФНРЈ, раководител на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизорска комисија на КПЈ, министер за земјоделство на владата на НРМ, министер за економија на СРМ, републикански и сојузен депутат, член на Централниот комитет на КПЈ, член на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија и СУБНОР на Македонија, амбасадор на Југославија во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопјe и други.

Ванчо Бурзевски починал на 8 мај 2007 година во Скопјe.

Добитник е на Партизанска споменица од 1941 година и на неколку југословенски одликувања.

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

To top