Среда, 26 Февруари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Петре Богданов – Кочко
|

Петре Богданов – Кочко (12. III 1913 – 22. II 1988) е македонски композитор, оперски пејач (тенор), учесник во НОБ. По Ослободувањето е еден од петтемина први организатори на музичкиот живот во Македонија. Најголем придонес има во основањето на Операта на МНТ, а вршел и други општествени функции.
|
|
Среда, 19 Февруари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Наум А. Туфекчиев
|

Наум А. Туфекчиев (29. VI 1864 - 26. II 1926) е македонски револуционер, потпретседател на ВМК (1895) и трговец од Македонија. Учествувал во дејноста на Младата македонската книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Неговото име е поврзано со неколку атентати, меѓу кои и убиството на бугарскиот премиер Стефан Стамболов. Во својата бомболеарница произведувал бомби со кои ја снабдувал Македонската револуционерна организација. Во 1906 година склучува договор со Бугарската армија на која и испорачал рачни бомби „Македонки“ или „Македонија“ кои се користеле во текот на Балканските војни.
|
|
Среда, 12 Февруари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Григор Попев
|

Григор Стефанов Попев (1869 – 2. II 1938) е македонски револуционер, член на ЦК на МРО. Од 1892 до 1896 г. бил трговец во Битола и Солун. Тој е еден од првите покрстени луѓе на Орханизацијата. Бил член на ЦК на Битолскиот ОРК и благајник на ЦК на ТМОРО (1896–1901).
|
|
Среда, 05 Февруари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Крсто Захариев
|

Крсто Захариев (1860- 27.VIII.1899) е ајдутин и македонски револуционер. член на Македонскиот комитет. Бил помошник војвода на Стојо Костов и со четата учествувал во Мелничкото востание во 1895 година. Во мај 1897 година, учествувал во неколку престрелки со турскиот аскер, во кои бил ранет Јане Сандански. Истата година, по налог на Гоце Делчев, формирал агитациона чета со која заминал за Македонија, но таа не ги оправдала очекувањата.
|
|
Среда, 29 Јануари 2025 02:26 |
 |
 |
 |
|
Марко Иванов
|

Марко Иванов (20. VI 1877 – 16. XII 1933) е македонски револуционер и кајларски војвода на Македонската револуционерна организација. Во Илинденското востание учествувал во ослободувањето на Клисура (4. VIII 1903) и Невеска (12. VIII 1903). По востанието продолжил да дејствува со својата чета.
|
|
Среда, 22 Јануари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Александар Малинов
|

Александар Малинов (22. XII 1871 – 6. I 1904) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил многу храбар и решител борец. Познат како Сандо Штипјанчето, пред да почине убил 16 турски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија
|
|
Среда, 15 Јануари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Христо Поп Коцев
|

Христо Поп Коцев (5. I 1869 – 30. IV 1933) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, учител и публицист. Тој е истакнат деец на македонското револуционерно движење. Бил член на ЦК на ТМОРО (1896–1897). Учествувал на Солунскиот конгрес во 1903 година. Повторно бил член на Централен комитет во 1903–1904 година.
|
|
Среда, 08 Јануари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Рампо Левков - Левката
|

Рампо Левков (9. I 1909 – 19. IX 1942) е македонски комунист, револуционер и народен херој. По бугарската окупација во 1941 година му била понудена висока служба, но ја одбил и отворил адвокатската канцеларија која станала сврталиште на патриотските и интелектуалните сили во градот. Кон крајот на декември 1941 година ја напишал една од најзначајните песни - поеми од времето на НОБМ „Бабуна“. Поради неговата активност бил уапсен од бугарската полиција (14. IX 1942) и по петдневни мачења бил фрлен во варница.
|
|
Среда, 01 Јануари 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Георги Бодлев
|

Георги Бодлев (1813 –1882) е македонски учител и културен деец. Имал особен интерес кон културното минато на Македонија и на македонскиот народ. Располагал со голема библиотека со книги и ракописи со историско значење. Во неговата библиотека биле пронајдени пергаменти од „Житието на Св. Климент“. Автор е на преписот на дел од познатиот „Кодекс на Охридската митрополија“.
|
|
Среда, 25 Декември 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Јулиј Розентал
|

Јулиј Розентал (1872 - 12. IX 1903) е поет и револуционер, член на Македонската револуционарна организација. Околу 1882 година, неговите родители се преселени во Бугарија. За време на Илинденските настани во 1903 година учествувал како востаник и загинал во борбите во четата на велешкиот војвода Никола Дечев. Автор е на стихозбирката „Недопеани песни“, објавена една година по неговата смрт.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |