Македонски легенди
Среда, 15 Март 2017 04:45    PDF Печати Е-пошта
Крсто Љондев

KrsteLiondev-180Крсто Љондев (? - 1927) е македонски револуционер и лерински војвода, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и е близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев е обвинет дека гo организира убиството на србоманския новинар на „Јужна Србија“ Спас Хаџи Поповиќ во Битола.

Повеќе...
 
Среда, 08 Март 2017 04:45    PDF Печати Е-пошта
Пандо Кљашев

Pando Kljashev 180Пандо Кљашов (с. Смрдеш, Костурско, 29. IX 1882 – с. Дреновени, Костурско, 1. VIII 1907) е македонски учител, револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). Бил член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион. Бил член на Битолскиот окружен комитет (1906). Ги користел псевдонимите Аристотел и П. Корсикански и оставил спомени за својата револуционерна дејност.

Повеќе...
 
Среда, 01 Март 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Петар Самарџиев

Peso Samardziev-180Петар Самарджиев (1877 – 21.VI 1906 ) е македонски револуционер, Тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил член на тајниот револуционерен кружок „Трајко Китанчев“ во Самоков. Воспоставил врски со Гоце Делчев и со Јане Сандански. Во 1901 година се борел во четата на М. Попето и на Христо Чернопеев . Во 1903 година станал околиски војвода. Учествувал во Илинденското востание, а во 1904 година учествувал на Прилепскиот конгрес на МРО. Загинал кај преслапот меѓу селата Клисура и Дрен, Тиквешко.

Повеќе...
 
Среда, 22 Февруари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Коста Георгиев - Кукето

kuketo-180Коста Георгиев Куков (? - 1896), познат како Кукс, Кукото, Куко или Куку војвода, е македонски ајдутин и револуционер, војвода од Македонското (Кресненско) востание. При нападот на Кресна, второто одделение на македонските востаници било под команда на Коста Кукото. По формирањето на Штабот на Македонското востание тој бил втор војвода. По востанието Кукето бил страв и трепет за грчките фанариоти и Турците во Серско и Драмско.

Повеќе...
 
Среда, 15 Февруари 2017 06:59    PDF Печати Е-пошта
Ѓурчин Наумов – Пљакот

Giurchin naumov-180Ѓурчин Наумов - Пљакот (1851 – 25. X 1904) е македонски револуционер, член и крушевско-кичевски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четите на војводите Ј. Пиперката (1899), М. Ацев (1900), Н. Русински (1901) и В. Марков (1902). По Ракитничката провала (1902) бил избран за крушевски војвода. Во Илинденското востание предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци. Водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале. По Востанието води борба со српските чети во околијата. Опеан е во народните песни.

Повеќе...
 
Среда, 08 Февруари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Пешков

georgi-peskov-180Георги Пешков (? - 1913) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). По 1892 година се поврзува со Даме Груев и Пере Тошев кои го привлекуваат во МРО. Од 1895 до 1901 година е член на околискиот револуционерен комитет, а од 1901 - на Битолскиот окружен комитет заедно со Анастас Лозанчев и Пере Тошев. До крајот на 1901 година по наредба на Гоце Делчев изготвува Правилник на четите на ВМОРО, кој се користи само во Битолскиот револуционерен округ.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2017 12:21    PDF Печати Е-пошта
Аце Дорев

ace-dorev-180Аце Дорев (1871 – 19. XI 1941) е македонски револуционер, книжар, виден битолски деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил член на Задграничното претставнишcтво на ЦК на МРО и касиер на Битолскиот ОРК. Во Илинденското востание го раководел Информативното биро на Главниот востанички штаб со седиште во Битола. Ја подготвил информацијата за почетокот на Востанието и ја доставил до ЦК на ТМОРО во Солун и до Задграничното претставништво во Софија. Во 1908 година бил избран за задграничен претставник. Во 1910 година бил испратен на заточение во Мала Азија. Од заробеништво бил ослободен 1913 година. Потоа, до крајот на животот, живеел главно во Битола.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јануари 2017 05:47    PDF Печати Е-пошта
Веле Марков

VeleMarkov-180Веле (Велко) Марков (12. II 1870 – 23. VI 1902) е македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.

Повеќе...
 
Среда, 18 Јануари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Дељо Марковски

Delyo Markovski Kosinets IMARO-180Дељо Марковски (1871 – 31. XII 1939) е македонски револуционер, костурски војвода, деец на Македонската револуционерна организација и на ВМРО (Автономистичка). Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а потоа се бори против грчката вооружена пропаганда. Со неколку души успева да се спротивстави на 60 члена грчка чета и да го спаси селото Косиненец. Се приклучува на ВМРО (Автономистичка) на Тодор Александров и работи во разузнувачката група на Организацијата.

Повеќе...
 
Среда, 11 Јануари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Атанас Кршаков

Atanas Karshakov-180Атанас Кршаков (1883 – 4. VII 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во борбите уште пред Илинденското востание, но, еден месец пред Востанието бил тешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција- СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што...

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.