Македонски легенди
Среда, 02 Мај 2018 03:29    PDF Печати Е-пошта
Арсо Јовев – Локвички

Arso Lokvichki IMARO-180Арсо Јовев (1870 – 10. III 1923) е македонски револуционер и војвода, деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание тој се наоѓа во четата на Јордан Пиперката, а по востанието се бори со четите на српската пропаганда во Поречието и Азот. Учествува во Првата балканска војна, а по Првата светска војна се населил во Бугарија. На повик на Организацијата, тој повторно го заминал градителскиот алат со пушка и заминал за Македонија. 

Повеќе...
 
Среда, 25 Април 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Григориј Акиндин

palama-180Григориј Акиндин (ок. 1300 – ок. 1348) е средновековен теолог и филозоф од Македонија, учесник во спорот за Таворската светлина. Се запознал со св. Григориј Палама и изразил желба тој да го воведе во монашката духовна практика. Во 1332 год. во Солун се сретнал со Варлаам, главниот опонент на св. Григориј Палама. Во граѓанската војна започнал отворена и остра критика на исихастичкиот метод за кој се залагал Палама. Автор е на повеќе текстови.

Повеќе...
 
Среда, 25 Април 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Не те сакаат ниту денот ниту ноќта

Violeta Petkovska-180Стоиш пред мене
и думи кажуваш
лажни, ти црн клет
душману, без со
око да трепнеш,
лажеш.
Ми кажуваш дека
ропството е слобода!
Омразата е љубов!
Понижувањето гордост!
А, да си горд било срам!
За срамот кажуваш
не е срам!

Повеќе...
 
Среда, 18 Април 2018 03:10    PDF Печати Е-пошта
Кузо Поп Динов

KuzoPopdinov-180Кузо Поп Динов (1875 – 18. XI 1907) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Костурско, Во 1903 година, Кузо Поп Динов познат уште познат како Кузо Блатски, учествувал во Илинденското востание, како војвода на чета и раководител на Блацкиот центар.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2018 03:12    PDF Печати Е-пошта
Кузо Димитров

KDimitrov-Maniak-180Кузо Димитров (2. IV 1872 – после 1943) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Познат е под името Манјакски, Манјатски или Манјак. Во 1898 година, го основал Комитет на Организацијата во селото Манјак, вршел курирски задачи и во својот дом ја криел месната чета. Повеќе пати бил апсен, а по задушувањето на Илинденското востание учествува во борбите со андартите и турскиот аскер. Во 1907 година заминал за Америка, од каде се враќа со доброволци за време на Првата балканска војна. Прогонет од грчките власти, како доброволец заел учество и во Првата светска војна.

Повеќе...
 
Среда, 04 Април 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Спиридон Благоев

spiridon-blagoev-180Спиридон Благоев (7. II 1926 - 2009) е македонски национален деец, член на КПГ, правник и историчар. По германската окупација на Грција во 1941 година станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа во 1942 година станал член на Секретаријатот на селската младинска организација ЕПОН и член на КПГ. Во времето на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949) стапил во редовите на ДАГ. Во периодот 1946 и 1947 година бил политички комесар на вод, командир на чета во баталјонот, помошник на баталјонскиот политички комесар и одговорен за Македонците во баталјонот. Потоа се вклучил во 107-та бригада на ДАГ. По војната. наредните три децении ги минал во Ташкент (СССР), а во 1979 година се вратил во Скопје каде работи во ИНИ како научен соработник до пензионирањето. Автор е на поголем број статии за Македонците во Егејскиот дел на Македонија и има значаен придонес во архивските истражувања во СССР за современата историја на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Д-р. Константин Мишајков

konstantin-misajkov-180Константин Мишајков (1807 - Софија, 16. IX 1880) е виден македонски преродбеник и лекар. Во 1840 година завршил медицина во Пиза, Италија, а во 1845 година специјализирал во Париз. Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на славјански јазик и писмо и славјанска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870 г. бил началник на Санитетот на битолскиот вилает. Грците го наклеветиле дека сее омраза меѓу христијаните, поради што бил осуден, а набргу потоа ослободен.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:25    PDF Печати Е-пошта
Матеја Булев

mati-bulev-180Матеја Булев (Мати) (1904 - с. Зеленич, Леринско, 19. IV 1949) е македонски национален деец, мајор на ДАГ. Како член на КПГ (1932) и на ВМРО (Обединета), бил познат револуционер во Соровичката околија. Во времето на диктатурата на Метаксас бил интерниран на островот Хиос. Во времето на Втората светска војна бил борец на ЕЛАС. Во Граѓанската војна во Грција бил командант на одред и дејствувал на планината Радуш. Загинал по успешно завршената шестчасовна борба со владините сили.

Повеќе...
 
Среда, 14 Март 2018 04:25    PDF Печати Е-пошта
Григорие Хаџи Ташковиќ

Grigor Hadzhitashkovich-180Григорие Хаџи Ташков(иќ) (6/19. VIII 1875 – 16. VIII 1942) е македонски револуционер, водач на „автономистичкото движење“ во Србија, публицист и книжевник. Бил српски стипендист и соученик и пријател на Крсте Мисирков. Во 1905 година, заедно со Г. Герџиковиќ е обновувач на Македонскиот клуб во Белград и главен уредник на неговиот орган весникот „Автономна Македонија“. Во јули 1918 година е коавтор на Воденската декларација (и автор на крфската Промеморија (во две верзии, 1. и 19. IX 1918) за културно-националниот ентитет и идниот рамноправен конститутивен автономен статус на Македонија во југословенската држава.

Повеќе...
 
Среда, 07 Март 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Андреја Мацанов

andrej-macanov-180Андреја Мацанов (16 X. 1880 - 1947) е македонски револуционер деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил еден од многуте заслужни македонски дејци, кој како хемичар и долгогодишен гимназиски учител ја посветил младоста за делото и развивањето на македонското национално ослободително движење. Неговиот основен политички слоган бил – автономија на Македонија и водел борба против официјалната политика на балканските династии чии основни заложби биле присвојувањето и поделбата на Македонија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Алтернатива за Македонија

Совет за безбедност на ОН

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Македонското друштво “Илинден”- Латцен-Хановер:бојкотирајтего престојниот референдум

Македонското друштво “Илинден”- Латцен-Хановер ги повику...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.