Култура и туризам
Среда, 16 Мај 2012 03:39    PDF Печати Е-пошта
Македонската жена во 16 век

gordana_dimovska_copyГордана Димовска

 

 

 

Низ вековите  македонската традиционална облека привлекувала огромно внимание кај голем број странски патеписци, писатели, уметници.Се смета дека пред 18-тиот век, најуспешни проучувачи на состојбата на земјите под Отоманска империја, етничките разлики,  биле Венецијанските и Германските дипломати. Тие најмногу посветиле дел од своето време и оставиле веродостојни записи.

makedonska-zena-16-vek

Делото наречено “Le navigationi et viaggi fatti nella Turchia”  – напишано од Николас Де Николај кој живеел од 1517 до 1583 посебен акцент е ставен на традиционални костими  низ Европа во 16-тиот век. Неговите книги биле преведени на четири странски јазици , во седум изданија и преку насликаните портрети  го запознале светот со балканските земји под Отоманска империја. Конкретно оваа книга била отпечатена во Венеција во 1580 година. Во неа и безброј други се претставени македонски носии од 16-от век. Посебно впечатлива е сликата на ‘Македонската жена‘ Donna di Macedonia,  која претставувала еден вид на икона во уметничките дела од тој век. Со овој портрет доживеал голем успех. Уметниците ја нарекувале ‘посебно елегантна‘, модерна немажена македонска девојка. Таа носи шапка налик на турбан , украсена со мали танки дрвени парчиња прекриени со златно платно на кое бил нареден накит  и во горниот дел формирале круна. Девојката во рацете држи  леб. Оваа фотографија се појавила и во делата на Де Брун, Бертели и Боисард кои направиле мали измени, всушност тие го отфрлиле лебот и  ја претставиле  како Девица рамо до рамо со уште една постара  македонска жена.

Иако во многу други слики не било претставено , сепак многу млади и убави лица на македонските девојки биле покриени со преубав свилен превез кој паѓал се до половината.  ”(Rosenthal and Jones, 2008: 426-427).  Во  изданието на венецијанецот Векелио (Cesare Vecellio), од 1590 година, пишува  за Македонија, односно за локален македонски херој кој се борел против Турците и за тоа да ја одржи христијанската вера во таа провинција. Во едно од неговите  изданија Habiti antichi et modernidi tutto il mondo 1598,  била направена споредба на венецијанска девица со македонската и на тој начин ги прикажувале културните норми на семејната чест преку облеката на девиците. Социјалните норми претставени преку прикриени и полу скриени тела на млади жени, укажувале на разликите на жените од Медитеранот и оние на Отоманската империја.

И овие се само дел од вредните податоци за Македонија во 16-тиот век, претставена преку уметничките слики на македонската жена во нејзината традиционална носија.

 
Среда, 16 Мај 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Приказна за Големата Мајка

golemata-majka-240Тајната на создавањето на човекот трае. Се вели дека се родил. Го родила мајка. Врв на совршенство на човечко суштество,  раководено од природен инстинкт да знае да диши и да цица. Се друго се стекнува, се учи се усовршува. Мајката го пренесува искуството на потомството.

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Од минатото на Велес

Foto-Veles-240Еден втор музичар којшто исто така треба да се спомене е Кочо Апостолов Матров – Чаушот којшто оставил, исто така длабоки белези во своето делување на музички план. И он исто така бил многострук у своето делување. Кај него првите подуки во музиката ги добиле Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Кирил Спировски и други, така да може да стане збор за едно педагошко делување во нашиов град.

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:01    PDF Печати Е-пошта
Маркои кули и кукул

markovi_kuli_mtrajkovski-240Маркоите кули сет напраени на крајот од левата страна на Златоврвската Планина; на свршекот од планината и под планината или до планината од с. Варош. За тие изурнати денешни кули си прикажуа оти со голем зулум сет праени од Марка Кралета. Еве како:

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Калето Маргарит

pochepДва саати на северозапад од градот Воден се наојѓа селото Почеп. Околу петнајсет деки кај на север од селото се наојѓа една стара каља, што се веле Маргарит. За та каља и за Слатинската старите човеци секак сборуват. Сека година на средниут ден на Великден, Почепци одат на Маргарит и там цал ден пеат, играат, пљускаат со пушки и пиштоли и најнапкон на кинисајнето да си одат, фрљат секој по едно црвено јајце од височината надолу. Адн’ж на адин Великден се погодих на госте у дедо Думо и зајно су с’те сиљане отидох и јаз на Маргарит. На мене ми се чини ного чудно, кога зафатиа с’те и малечко и големо: баби, дедовци, м’же, жени, деца, моми, да фрљат по адно црвено јајце на к’де Жегравскиот дол од врхот на Маргарит. Јаз му ричех на дедо Думо:

Повеќе...
 
Вторник, 15 Мај 2012 20:28    PDF Печати Е-пошта
„За македонцките работи“ од Мисирков на чешки јазик

Zamakedonckite_raboti_copyВо чешкиот универзитетски град Брно излезе од печат капиталното дело на Крсте П. Мисирков „За македонцките работи“. Преводот е на академик, проф. д-р Иван Доровски, кој е исто така автор на опширниот вовед и на информативната одредница за Мисирков.

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Приказна за Александар и Букефал

alexander_taming_bucephalus_by_f__schommer_german_late_19th_century-240Александар, Букефал и Македонија беше си биле и останале најсветли настани за сите Македонци.

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Ноќно венчавање во црква

lazaropole-svadbaПо завршувањето на Втората светска војна идеологијата што ја пропагираше и спроведуваше тогашната народна власт спрема црквата беше јасна.

Во првите две-три години беше намалена посетата на верските објекти каде што се проповедаше религијата, а потоа настана чудесен атеизам (неверување во Бога), особено меѓу помладите генерации.

Божјиот храм „Свети Ѓорѓија“ во кој службуваше многупочитуваниот свештеник Стамат Палчески, роден лазоровец, во сите верски празници беше отворен.

Верски литургии се одржуваа редовно, но посетителите од недела во недела, од празник до празник беа се поретки. Постари жители во селото имаше редовно, но млад свет постојано секнуваше. Крштевките на децата, а особено венчавањата, речиси сосема престанаа.

Од тие први години по војната се памети и се раскажува анегдотата кажана од познатиот устабашија на мајсторската тајфа што ја предводеше Дуко Ралкоски и неговиот син Алекса.

Свршувачката, а пред неа и веридбата со неговата избраничка Ифка Васева Буќински била направена по сите лазороски обичаи. На ред била свадбата. Алекса како млад скоевец, постојано го наговарал татка си Дуко свадбата, а особено регистрацијата да се изврши по новите правила, во општината, а не во црквата. Таткото не сакал ни да чуе за тоа. Бил категоричен и му наредил на синот венчавката да се направи во црквата и по сите верски правила и обичаи. Синот морал тоа да го почитува и да му ја исполни желбата на татка си.

Ден пред свадбата биле набавени и донесени во нивниот двор два овна за обилно гоштевање на поканетите. За секој случај, синот Алекса се обидел последен пат да го намоли татка си венчавката со саканата свршеница Ивка да се случи не во црквата, туку во општината. Одговорот на Дука бил категоричен:

-Тино! (Така се викаше неговата сопруга) Оди во тремон и пушти и браовите. Свадба нема да правиме.

Синот Алекса дури тогаш морал  да се повинува на желбата на татка си и да попушти.

Во летото 1949 година, најпрвин беа направени веридбите, а за време на илинденските празници и три свадби: на Марија Ѓиноска и Мојсо Попоски,  Софка (Софија) Алкушоска и Јордан Пелчески и на Цвета Теодосиевска со Методија Долиќоски. Сите три венчавки беа извршени по новиот, веќе установен начин: регистрација  во општината.

Во сеќавање ми е зимата 1950 година. Обилни снегови. Беше Василица Во дворот на Гудароската клуќа, во која живееше нашето семејство јас со моите другари имавме запалено оган. Игравме и скокавме околу него. Ми пријде мајка ми дева, свечено облечена во нашински алишта, ме зеде за рака и повеќе со ишарет ми даде знак дека треба да одиме некаде каде што моите другари не смеат да знаат. Со молчење тргнавме кон Дрозда, го изминавме тесниот и темен сокак што ги дели куќите на Иван Ламбески и брат му Ѓуре. Пред нас беше влезот во црквата. Влеговме внатре, наидовме на малку свет, но сите свечено облечени. Во слабо осветлениот простор ги препознав само учителот Мојсо Попоски, неговата сопруга Марија како и свештеното лице Стамат Палчески, инаку мој вујко. Не чекаа нас како кумови за да почне церемонијата – венчавање.

Татко ми како член на Сојузот на комунистите, не смееше да биде присутен.

И цермонијата почна. За цело време јас држев запалени две големи свеќи. И толку се сеќавам на настанот.

Брачниот пар Марија и Мојсо, иако по свадбата веќе беа регистрирани, сакаа да го овенчаат бракот со венчавање во црква. Се разбира тајно. А им доликуваше тоа да го сторат. Мојсо потекнува од свештеничка лоза, оттаму и презимето. Живеат во среќен брак. Изродија две деца: женско Цветанка и машко Блаже, му го дадоа моето име, името на кумот.

Се се повторува – ќе запише некаде Анте Попоски. Многу години по погоре регистрираното последно венчавање во црквата „Свети Ѓорѓија“ (јас не помнам за друг случај, а можеби има) на 31 август 2010 година во денот од неделата што се вика вторник, игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“, отец Партение со тројца свештенослужители го обави венчавањето во лазороската црква.

Пред мал број присутни, но затоа многу свечено, со биење на камбаните ги регистрира Роза Митреска од Битола и Димитар Јурукоски жител на Битола, но со лазороско потекло по мајка.

Од книгата „Кажувања од гредана“ од Блаже Смилески, Скопје 2011.
 
Среда, 09 Мај 2012 03:01    PDF Печати Е-пошта
Изида

izida240Изида, Изис или Асет е божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија. На египетски Aset или Eset - таа припаѓа на Енеадата од Хелиополис.

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓурѓовден во Битуше

Bituse_1908Верски, но и световен ден, со кој се празнува и одбележува будењето на природата и испраќањето на гурбетчиите на печалба.

Ѓурѓовден го менува денот но датумот не. Секогаш е на 6 мај.

Спроти празникот, на петти мај попладнето се оди По билки.  По билки одат и стари и млади, и мажи и жени. Обично и најчесто се оди на Рудина, месност што се наоѓа спроти селото. Со себе сите носат црвени велигденски јајца и откако меѓусебно ќе се искршкаат, пеат:

Повеќе...
 


Лист 1 од 46

На прво место

News image

Република Македонија меѓу четирите држави со најбрз развој на интернет услугите во светот

На Светскиот самит за информатичко општество одржан во вторникот во Женева Република Македонија од с...

Историја

News image

Полибие за македонските кралеви

Во Енциклопедија Британика пишува дека е тој грчки државник и историчар. Роден 200 г. пр. хр. до 11...

Иселеници

News image

Фатална дилема за претседателот Барак Обама

Претседателот Барак Обама, после самитот во Чикаго, ке ги ...

Култура и туризам

News image

Македонската жена во 16 век

Гордана Димовска       Низ вековите  македонската традиционална облека привлекувала огромно вни...

Фељтон

News image

Македонската Јованка Орлеанка - Катерина Арнаудова (1)

Во статија со наслов "Македонските Јованки Орлеанки" (стр. 5) објавена во весникот ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.