Среда, 30 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново

sv-gjorgji-kurbinovo

Црквата „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1191 година, што се гледа од натписот над олтарот. Според науката, тоа е времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста Цариградска концепција, или измешана со "провинциски" комбинации.

Често се вели дека Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи.

Меѓутоа, посебно место во историјата на Преспа има, секако, манастирот „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, кој се напѓа во селото Курбиново. А, ова преспанско село се наоѓа на околу 2 километра од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба, односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950 метри, со околу сто и триесетина жители. Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици.

Патот за црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново води од магистралниот делница Битола - Ресен, некогашниот римски "Виа Егнатиа", кај крстосницата "Макази". Таму се одделува патот кој води до границата со јужниот сосед кај Маркова Ногадо селото Долно Дупени. Тој дел на Преспа се наоѓа под Баба Планина позната уште и како Пелистер, а е на самиот брег на Преспанското Езеро. Кај селото Асамати, пак, патот се дели и еден крак води кон селото Курбиново, познато со својот манастир, односно црква посветена на св. Ѓорѓи. Црквата се наоѓа над селото, во пазувите на Баба Планина.

Околината низ која минува патот, кој е одвај 4- метра, не е толку живописна, колку величествениот поглед кон планината и особено панорамата на волшебното и речиси секогаш мирното Преспанско Езеро. Црквата "Св. Ѓорѓи" е една мала и неугледна, еднокорабна градба која, оддалеку, и не се познава дека е црква.

Курбиново е дислоцирано село. За негова претходна локација се споменуваат месностите: Стара Ливада и Долга Ливада. Тоа се граничи со селата Рајца и Грнчари од север, со подрачјето на Општина Цапари, Битолско од исток, со селото Сливница на југ и со Претор на југозапад.

Низ атарот на селото тече Курбинска Река која никогаш не пресушува, но нејзиниот водотек во летниот период значително се намалува, посебно откога дел од изворите на реката се зафатени со водоводот на Курбиново, Асамати и Претор со туристичката населба.

Во селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа Каштино, населба и топилница од доцно античко време како и средновековната тврдина Кула. На 2 километра североисточно под селото, на ридот Кулишта постојат грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и контури на одбранбен бедем, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови.

Преспа како дел од Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа, ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата, во науката се високо оценети.

Co тоа се потврдува, дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата. Нејзиното христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос...

Селото Курбиново, пак, е повеќевековно христијанско село во кое има четириесетина куќи со бели фасади и уредени дворни места. Во селото има две цркви „Света Богородица“ и манастирската црква „Свети Ѓорѓи“. Со право се вели дека селото Курбиново е најпознато во Преспа  и пошироко по црквата „Свети Ѓорѓи“, која е духовен бисер на Македонија.

Таа се наоѓа  на еден километар над селото и е скриена во пазувите на планината Баба. За манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ се оди откај селото Асамати, по еден крак кој води кон селото Курбиново, на левата страна од патот Макази - Маркова Нога.

Црквата „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1191 година, што се гледа од натписот над олтарот. Според науката, тоа е времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста Цариградска концепција, или измешана со "провинциски" комбинации.

Овој значаен споменик на културата во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис. Тој, освен чисто Цариградски елементи во претставувањето на монументално замислениот иконографски распоред на живописот, во одделни композиции или фигури, има внесено нови елементи, што во престолнината Цариград и надвор од него, никаде не е толку изразито предаден како во Македонија.

Затоа, често се вели дека во Курбиново се крие прочуената манастирска црква „Свети Ѓорѓи“, која Преспа ја велича во научните кругови. Црквата „Свети Ѓорѓи“ е една мала и неугледна, која, оддалеку и не се забележува дека е црква сè додека посетителот не ѝ се приближи и не го здогледа олтарот на источната страна.

publikacija-katin
Публикација „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од Славе Николовски-Катин е издание на НИП „Нова Македонија“, Скопје, 1991, 1-192, а беше промовирана во „Сарајот„ во Ресен на свеченоста по повор 700 години од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, во 1991 година, на која,  за публикацијата зборуваше академик Блаже Ристовски

Фреските во црквата се едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период постојат во Македонија. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на ретките мајстори, иако во значителна мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот.

Затоа со право се вели дека врвното  византиско фреско–сликарство во манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ ги привлекува историчарите  на уметноста од светот. И не случајно е запишано дека во историјата на уметноста тешко може да се посочи уметничко дело кое е толку различно вреднувано како живописот во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново.

Според науката, тоа е времето кога во црковното градителство доминирала разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни. Затоа се вели дека манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис.

Исто така, според пишаните документи, се наведува дека црквата „Свети Ѓорѓи“ е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17  а широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија. На западната страна нема нартекс (двор каде се собираат верниците). Има два влеза и изградена е со повеќе камен и со помалку тули.

Со право може да се каже, дека црквата „Свети Ѓорѓи“ своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фреско-живопис, кој плени со својата раскош. Фреско-живописот од XII век е сочуван речиси во целост.

Денес манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ е споменик на културата на Република Македонија и е  заштитена со закон. Во чест и спомен на величието на оваа најзначајна црква во Преспа, сегмент на фреската на светецот Архангел Гаврил „Ангелот од Курбиново“, се наоѓа на банкнотата од 50 денари. 

Манастирската црква „Свети Ѓорѓи“  е под заштита на Заводот за заштита на спомениците, а според археолошките испитувања се знае, дека во црквата имало и конаци кои откако во нив удрил гром и ги изгорел, повторно не се изградени

Во манастирската црква имало богослужба сè до 1920 година, но откако се изградила новата црква во селото, во црквата „Свети Ѓорѓи“ не се служи литургија, со исклучок во 1991 година кога овој споменик на културата славеше 700 години од своето постоење. Момент кога црквата беше посетена од илјадни посетители и видни граѓани на Република Македонија. Тогаш се заклучи дека манастирот „Свети Ѓорѓи“ е бисер на средновековното фреско-сликарство во Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Нивното достоинство имало цена - на Република Македонија ѝ турија пепел

Северна – зашто нивното достоинство имало цена (ФОТО) Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љу...

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.