|
||||
| ДЕЛ ОД ИСТОРИСКАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА (5) |
|
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Селото Сливница е повеќевековно христијанско село во Преспа и надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија. Инаку, Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство. Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица се наоѓаво живописното село Сливница, кое е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот манастир „Света Мала Богородица“. Овој центар на духовното живеење на Македонците и споменик на културата дава посебен белег на Преспа Рождеството на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар, како што е случајот со прославата на „Света Мала Богородица“ во селото Сливница, во Преспа. Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство. Преспанското Езер и островот Голем Град Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија. Затоа и монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Инаку, Преспанскиот регион со сите убавини и богатства што ги поседува, со Преспанското Езеро опколено со зачувани природни убавини, чува вековна традиција и култ кон Пресвета Богородица. Сливничкиот манастир „Пресвета Богородица“ е сместен во живописот на чистата планинска и шумска пољана, на Баба Планина во Преспа, во длабок спокој и сон, недостапно допрен дури и од љубопитниот Македонец во Преспа. Кога се пишува за Преспа неоходно е да се нагласи дека покрај планината Галичица која се наоѓа на западната страна, Баба Планина е распространета на источната страна на Преспа и Преспанското Езеро. Во подножјето на Баба Планина е сместен манастирот „Света Мала Богородица сливничка“ А, планината Баба како да ги надгледува Пелагонија и Преспанската котлина поради својата височина, која е трета највисока планина во Република Макеоднија, по Кораб и Шар Планина. Нејзиниот највисок врв е врвот Пелистер (2601 м). Ова прекрасна планина ја дели Пелагонија од Преспанското Езеро, а со своите две глечерски езера, фауната и флората претставува вистинска реткост. Исто така, карктеристично за планинскиот масиф Баба е тоа што на превојот Ѓавато ги расцепува реките во регионот, така што тие или течат кон Јадранското или кон Егејското Море. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |





























