|
|
| Големиот стратег Филипче и „светската политика“ од партиска говорница! |
|
Големиот стратег Филипче и „светската политика“ од партиска говорница! Кога Венко Филипче ќе застане пред микрофон, човек би помислил дека следи брифинг од некој глобален самит, а не прес-конференција на опозициска партија во Македонија која за две години изгуби на три изборни циклуси и е пред распаѓање. Толку самоуверен настап, толку големи зборови – што лесно може да се заборави дека станува збор за истата политичка фигура која до вчера беше дел од власта што ја остави државата заглавена во место. Со тон на самопрогласен геополитички авторитет, Филипче реши да ја „позиционира“ Македонија во светските текови, порачувајќи дека „регионот припаѓа на Европа, а не на Русија и Кина“. Звучи како изјава за насловна страна, но кога ќе се оттурне малку од површината останува празна форма, исполнета со политичка амнезија, селективна меморија и добро позната потреба за евтина реторика. Да, регионот припаѓа на Европа. Тоа не е никакво откритие на „визионерот“ Филипче. Тоа не е визија. Тоа не е стратегија. Тоа е азбука на македонската надворешна политика, запишана уште во 1990 година кога неговата тогашна СКМ-ПДП денешната СДС, пред Филипче воопшто да реши да глуми геополитичар. Проблемот не е што го кажува очигледното, проблемот е што се обидува да се претстави како некој што тоа штотуку го „измислил“, заборавајќи ја сопствената улога во политиките што ја влечеа државата назад. Истиот тој Филипче, кој денес зборува за „автократија“, беше дел од власт која седум години ја разградуваше довербата во институциите, ја претвори државата во партиски механизам и ја сведе политиката на договори зад затворени врати. Власт која повеќе се занимаваше со сопствениот финасиски интерес отколку со вистински реформи.
Денес зборува за Унгарија и за „гласот на народот“. Но, кога станува збор за Македонија, меморијата му станува кратка. Заборава дека истиот тој народ веќе го кажа својот став – јасно, гласно трипати по ред: на претседателски, парламентарни и локални избори. Заборава дека токму неговата политичка гарнитура беше симболот на политиката која граѓаните решија да ја испратат во длабока опозиција. Да се повикуваш на волјата на граѓаните во друга држава, а да ја игнорираш сопствената реалност, не е политичка зрелост – тоа е политичка ароганција обвиткана во лицемерие. И тука доаѓа суштината: Филипче не води надворешна политика. Тој ја користи како реквизит. Како декор за настап. Како алатка за прикривање на празнината зад големите зборови. Надворешната политика не е театар. Таа не е место за пароли, ниту за импровизации. Таа бара кредибилитет, доследност и одговорност – три работи што не се градат со прес-конференции, туку со резултати. А резултатите на Филипче и неговата гарнитура се добро познати. Ако веќе зборуваме за геополитика, тогаш да зборуваме за вистината. За тоа дека Македонија не беше закочена од некакви надворешни сили, туку од погрешни политики, лоши одлуки и катастрофални договори. Да не беше штетниот договор што го потпиша СДС со источниот сосед, европскиот пат на Македонија ќе беше многу појасен и попредвидлив. Наместо тоа, тие го заглавија процесот, го обременуваат со нови услови и создадоа проблеми што и денес ја кочат државата. И сега истиот тој Филипче излегува и држи лекции за ЕУ, како ништо да не се случило, тоа е политички цинизам. Затоа, пред да се самопрогласува за „светски политичар и визионер“, Филипче треба да се соочи со едно многу поедноставно, но многу понепријатно прашање: што точно направи за Македонија кога имаше власт? Бидејќи вистината е едноставна: Но многу потешко е да објасниш како токму твоите политики ја оттурнаа Македонија од Европа, како токму твоите одлуки го закочија европскиот пат, и како од позиција на одговорен за тие промашувања денес се обидуваш да глумиш стратег. Затоа што, колку и да зборуваш за „Европа“, фактите те демантираат, не си ти тој што ја водеше Македонија кон Европа, туку си дел од политиката што ја оддалечи Македонија од Европа. |















