Македонски легенди
Среда, 13 Април 2016 02:00    PDF Печати Е-пошта
Алберт Сониксен

albert-soniksen-180Алберт Сониксен (5. V 1878 – 16. VIII 1931) е американски новинар и публицист, кој ја поддржува македонската револуционерна борба. Како младо момче заминува на море и патува по светот. Учествува во американската воена експедиција на Филипините по која ги објавува книгите „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, „Морски разбојници“ и т.н. По Илинденското востание, кога македонското прашање станува актуелно, тој се поврзува со Македонската револуционерна организација и поминува извесно време со македонските чети во Македонија, а потоа ја објавува книгата „Исповед на еден македонски четник“.

Повеќе...
 
Среда, 06 Април 2016 02:00    PDF Печати Е-пошта
Герман Дамовски

GermanDamovski-180Герман Дамовски (1 IX 1899 - 1959), познат како Старио, син на познатиот македонски војвода Петар Христов Германчето е македонски револуционерен деец, истакнат припадник на македонското народноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија. За време на Втората светска војна и по завршувањето, учествувал во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.

Повеќе...
 
Среда, 30 Март 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Томо Смилјаниќ - Брадина

tomo-smiljanik-180Томо Смилјаниќ - Брадина (13. VI 1888 – 10. V 1969) е македонски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Тој е првиот македонски етнолог кој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929).

Повеќе...
 
Среда, 23 Март 2016 03:51    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Михајловиќ - Јурукоски

Josif-Mihajlovic-180Јосиф Михајловиќ – Јурукоски  (28. IV 1887 – 11. III 1941) е македонски архитект и урбанист. Oд 1929 до 1936 година и од 1969 до 1941 година бил градоначалник на Скопје. По неговото именување за прв човек на градот во 1929 година, било извршено авионско снимање, направен катастарски премер, попис на населението, бил изработен првиот урбанистички план на Скопје, оформен Плоштадот и околните улици. За време на неговиот мандат изградени се капитални објекти како хидроцентралата „Матка“, водоводот „Рашче“, насипот на Градскиот парк, регулацијата на Серава, Собранието, Градската болница,  како и Офицерски дом, старата Железничка станица, Народна банка и Поштата (објекти срушени во земјотресот во 1963),.

Повеќе...
 
Среда, 16 Март 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Аврам Чаловски

avram-calovski-180Аврам Чаловски (1854 – 3. XI 1943) е македонски емигрант во Бугарија, еден од најзначјните индустријалци и истакнат донатор, кој од современиците бил нарекуван „Бугарски Форд“. По потекло од Галичник, тој од овчар во родното место, станал  сопственик на првата фабрика за чоколади во Бугарија. Соселаните го нарекуваат дете „ѕвезделија“, но самиот тој не се сметал за богоизбран. Ја помагал македонската емиграција, Македонското револуционерно движење и донирал големи средства за цркви и манастири (Зографскиот манастир, манастирот „Св. Јован Бигорски“, црквата „Св. Петка“ во Галичник и др.). Пред смртта пред своите блиски ќе изјави „Ако не посееш нешто, нема да пожнееш ништо!“.

Повеќе...
 
Среда, 09 Март 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Кузман Стефов

Kuzo stefov-180Кузман Стефов (25. IX 1875 – 24. II - 1902) е македонски револуционер, деец и војвода на Македонската револуционерна организација. Тој е народен учител и организатор, еден од најстарите револуционерни дејци, војводи на Македонската револуционерна организација. Во 1899 година, по апсењето на Лазар Поп Трајков, тој раководел со Костурскиот револуционерен реон и развил силна револуционерна дејност. Имал само 26 години кога го положил својот живот за револуционерното дело. Тој е опеан во македонската народна песна.

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Нико Нестор

niko-nestor-mlad-180Нико Нестор (19. VI 1934 – 26. II 2016)  е македонски пливачки маратонец, првиот Македонец кој го препливал Ла Манш. Тој бил член на ПВК “Охридски бранови“ од Охрид. Од 1948 до 1967 година учествувал на републичките првенства во пливање на кои освоил 14 први места и поставил наколку републички рекорди. Во периодот од 1954 до 1959 година се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро. Во 1958 го препливал езерото од Св. Наум до Струга за 11 часа и 28 минути, а во 1959 година го препливал Ла Манш за 12 часа и 6 минути.

Повеќе...
 
Среда, 24 Февруари 2016 03:17    PDF Печати Е-пошта
Алексо Стефанов

alekso-stefanov-180Алексо Стефанов (1869 – Софија, 12. VII 1935) е македонско револуционер, демирхисарски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во ревизионата чета на Тома Давидов, а потоа учествувал во Илинденското востание (1903), Балканските војни (1912/1913).

Повеќе...
 
Среда, 17 Февруари 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Митрев - Езерски

Nikola Mitrev-180Никола Митрев (1865 – по 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуциомерма организација. По известувањето дека во земјата се спрема востание за ослободување од Турците, тој доброволно се враќа од Кавказ во татковината. Зедно со своите другари по морски пат доаѓа во Солун, а потоа и во Охридскиот реон.  Познат како Елшански или Езерски, пред и за време на Илинденското востание тој се одликува со јуначки подвизи во повеќе битки во Охридско. Спомените до 1904 г на Никола Митрев, Смиле Војданов, Дејан Димитров и Иван Попов. ќе ги забележи и објави Љ. Милетич во книгата „Борбата во Костурско и Охридско„ (Софија, 1926). Високото морално ниво на четите по кое што била позната Организацијата, никогаш не би можело да се одржи без луѓе како што бил Езерски.

Повеќе...
 
Среда, 10 Февруари 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ефрем Чучков

efrem-cuckov-180Ефрем Чучков (21. XI 1870 – 1. X 1923) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и учител. Заедно со Гоце Делчев учел во воено училиште во Софија и заедно го напуштиле. Потоа завршил Педагошко училиште во Казанл’к и повеќе години работел како учител. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во Пехчево и Мелник, каде дејствувал под туѓо име. Потоа бил Скопски окружен војвода, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година бил избран за член на  Централниот комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Панихида за Тодорче Радевски во с.Велмевеци

На 21 јануар-недела во 11 часот во с. Велмевци-Кичевско, ќе се одржи панихида за Тодор Радевски позн...

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.