|
||||
Андрејаш |
Андреја (Андрејаш (? – 1395) е вториот син на кралот Волкашин и брат на кралот Марко, млад крал по смртта на татка си во 1371 година. Ја управувал територијата по долината на реката Треска и области во Поречје Кичевско. Водел одвоени финансии од кралот Марко, ковал монети и издавал повелби. Тој е ктитор на манастирот „Свети Андреја“ (1388/89) во Матка на реката Треска кај Скопје. Во 1394 година, заедно со брат му Димитар ја напуштил Македонија и преку Дубровник, заминал во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд. Андрејаш Мрњавчевиќ е вториот син на кралот Волкашин и неговата сопруга Елена, брат на крал Марко, Иваниш, Димитар и Оливера. По смртта на татка си во 1371 година, како млад крал заедно со братот кралот Марко владеел со Прилепското кралство. Водел одвоени финансии од кралот Марко. Исто како и братот ковал монети и издава повелби, Тој ја управувал територијата по долината на реката Треска и области во Поречје Кичевско. Познато е дека во 1389 година го изградил манастирот Свети Андреја на брегот на реката Треска, за чија изградба донирал големо богатство. Тој, исто така, помогнал да се заврши изградбата на манастирот Свети Димитрија, започната од неговиот татко. Односите меѓу Андријаш и неговиот брат Марко Краљевиќ како совладетели биле добри сè до 1393/1394 година, кога во Сер се одржала средбата меѓу Марко и султанот Бајазит. По оваа средба, биле разјаснети ставовите на балканските владетели во однос на Отоманската империја. Крал Марко учествувале во Битката кај Ровине во 1395 година на страната на Османлиите (каде што загинал), Додека Андрејаш и неговиот брат Димитар одбиле да му служат на султанот и во 1394 година ја напуштиле татковата земја. Браќата се упатиле кон Дубровник, каде се обиделе да го земат богатството на својот татко (околу 5.600 перпери), кои Волкашин му го доверил на Павел Барабиќ на чување. Но, по смртта на Барабиќ во 1374 година, парите ги зела неговата вдовица и неколку благородници. Андрејаш и Димитар морале да чекаат да заврши судскиот процес меѓу наследниците на Павел Барабиќ и општината. Познато е дека на 27 јули 1394 година браќата биле во Дубровник и ги добиле парите на 10 август. По добивањето на оставнината, браќата Андрејаш и Димитар заминале во Унгарија и се ставиле во служба на унгарскиот крал Сигизмунд во 1394 година. Дечанската хроника од втората половина на 15 век, сведочи дека Андрејаш загинал во битка кај Ровине. Во секој случај, по 1395 година, неговите траги се губат. Подготвил: Т.К. |