|
||||
| Халуцинациите на СДС стануваат партиска стратегија! |
|
СДС по стара навика, очајно бара начин како поразот да го претстави како успех. Јавноста, веќе навикната на нивните фантазии, со неверување ги слуша споредбите и се прашува: дали овие луѓе живеат во истата држава со остатокот од народот? Секојдневно слушаме дека резултатот од првиот круг на локалните избори бил „историски успех“. Не е јасно дали оваа идеја им ја шепнал некој или е колективна халуцинација. Едно е сигурно, секој пат кога СДС губи, добиваме нова лекција по политичка фантастика. Од избори во избори, сценариото е исто: губат, а слават. Народот им ја затвора вратата, тие велат дека „влегуваат во нова ера“. Се дават во пораз, но го нарекуваат „победа на визијата“. Вистинска уметност на политичка самохипноза. Очигледно некој таму мисли дека ако лагата се повтори доволно пати, ќе стане вистина. Но народот одамна го „излечи“ тој синдром. Не верува веќе во „вистини“ што се менуваат секој ден како временската прогноза. И така, повторно го гледаме истиот филм: Но овојпат нема простор за алиби. Народот масовно ја кажа својата волја: доста беше од лаги, манипулации и празни ветувања. Социјалдемократите треба конечно да се погледнат во огледало и да ја прифатат вистината, нивната ера заврши не со аплауз, туку со потсмев. Од ВМРО-ДПМНЕ пристигна јасна порака: време е за освестување, не за прес-конференции со „историски“ споредби. Политиката не е терапија за лични комплекси, туку обврска кон граѓаните. А тие веќе избраа, чесност, работа, ред и држава што ќе биде дом за сите, а не само за партиски привилегирани. Додека СДС на хартија брои „успеси“, Македонија оди напред, со луѓе кои не веруваат во илузии, туку во дела. И да, денес навистина е нов ден, но не за СДС, за Македонија е нов ден. |




















