|
|
| Македонија повторно горда! |
|
Мане Јаковлески По години неправди и понижувања, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со народот, победи на многу важни за Македонија избори! Оваа историска победа е враќање на надежта, на достоинството, на вербата дека вистината и правдата секогаш излегуваат на виделина. Оваа победа е на народот, но и за народот кој не се поклони, не се продаде и не се предаде! Оваа победа е порака до сите кои мислеа дека народот засекогаш ќе молчи: НЕ, народот некогаш знае долго да молчи и трпи, но кога ќе проговори, неговиот глас е гром од кој одекнува вистината! Оваа победа е воскреснување на вербата дека правдата, чесноста и љубовта кон татковината секогаш победуваат. Оваа победа е победа на сите што не се предадоа, на сите што веруваа дека Македонија ќе застане повторно на стабилни нозе.Со оваа историска победа, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Црногорците, Евреите и сите други, покажаа дека знаат да КАЗНУВААТ, но и обединети да НАГРАДУВААТ. На овие локални избори, ги КАЗНИЈА тие кои со години наназад ги понижуваа, ги крадеа, ги лажеа, го продадоа името, историјата, ги раселуваа од своите огништа, им се закануваа со оружје, едните ги нарекуваа загари, другите каури и многу други неправди што ги трпеа минатите години, ги КАЗНИЈА СДС и ДУИ. Но НАРОДОТ знае и да НАГРАДУВА кога гледа искреност, чесност, работа, кога виде дека изминативе четири години локална власт, нула афери, 15 месеци централна влада, нула афери, заради тоа и многу повеќе, народот заслужено ги НАГРАДИ ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Браќа и сестри од сите вери и нации, борбата не е завршена до крај, ни претстои уште една голема победа! Вториот круг на локалните избори е уште еден тест за сплотеност! Вториот круг на локалните избори е нашата следна битка, да излеземе уште помасовно и уште пообединето, сè до конечната победа! Уште две недели не делат од вториот круг на локалните избори, моментот кога повторно ќе покажеме дека сме најсилни кога сме обединети и кога веруваме во тие што ја водат Македонија, искрено, чесно и кои го обединуваат народот без разлика на вера или нација. Вечна да е нашата заедничка Македонија! |














