Среда, 22 Октомври 2025   
НОВОТО СПИСАНИЕ „ПОВОД 55“ Е ДАР ОД ОПШТИНАТА BAYSIDE COUNCIL ОД СИДНЕЈ, А Е ПОСВЕТЕНО НА СЛАВЕ КАТИН (8)

312

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј после пауза од триесет и две години од објавувањето на  бројот  54 број во 1990 година, повторно се зафати да го издава списанието „Повод“. Новиот број од јануари 2022 година на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во еден подолг период

Списанието „Повод“, кое е наменето за литература и култура се појави од печат во јануари 2022 година и во електронска форма, двојазично, благодарение на Оштината Бејсаид (Bayside Council, поранешен Rockdale City Council кој е збратимена со Битола) и сегашниот градоначалникот на Општината господинот Џо Авада (Joe Awada), кој на Литературното друштво „Григор Прличев“ му додели дотација за издавање на списанието „Повод“, со цел списанието успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во мултикултурна и демократска Австралија.

Списанието „Повод“ бр. 55 излезе како издание на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, во чија редакција се: Душан Ристевски-Македон, главен и одговорен уредник, уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, соработници се: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Александар Донски и Славе Николовски Катин (Македонија), а технички уредник и дизајн е на Александар Донски.

Членовите на Друштвото одлучија списанието „Повод“ повторно да се издава, бидејќи тоа  има за цел да ги промовира македонскиот јазик, култура, историја и македонската заедница во Австралија. Во зависност од можностите се планира списанието да се издава 3-4 пати во годината со цел да прерасне во месечно или двомесечно списание.

Издавачкиот одбор одлучи списанието „Повод“да се издава во електронска и печатна форма.

Во овој број на списанието е забележано следното: „Одборот се надева дрка Македонците од сите  делови на Македонија, насекаде по светот, особено во демократска Австралија ќе ја  поддржат оваа иницијатива и ќе помогнат и финансиски и во распространување на гласилото. Притоа, објавување на текстови и други материјали на македонски или англиски јазик се добродојдени. Тие треба да бидат испратени до  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Исто така, добронамерни коментари и предлози за подобрување на содржината на списанието се добредојдени“, се вели во текстот од Редакцијата на „Повод“.

Меѓу другото, во вројот 55 од јануари 2022 година кое е посветено на  авторот на овој текст Славе Катин и неговото творештво, е забележано дека  секоја година во списанието „Повод“ се објавува конкурс, преку кој се избираат најдобрите литературни творби во годината, со учество на автори кои анонимно и шифрирано ги доставуваат своите лични остварувања од областа на поезијата, прозата и детската литература.

Списанието „Повод“ е наменето за литература, култура, историја и општествени прашања е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Ова македонско информативно гласило, чиј главен и одговорен уредник е Душан Ристевски-Македон, а уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска успешно го промовира македонскиот јазик, литературата, културата и македонската заедница во демократска и мултиетничка Австралија.

Вообичаено, на конкурсите нристигнуваат голем број литературни творби, од кои, поеебна комисија составена од членови на Друштвота и видни ошштественици од македонско потекло, избира три или четири поетски, прозни и детски литературни оетварувања. Наградените литературни творби се објавуваат во наредните броеви на списанието.

Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во еден подолг период, како содржините „Од македонската заедница“, „Конкурс за Прличева награда“, „Новоиздадени книги“, „Историја“, „Човекови права“, „За македонскиот јазик“, „Писатели од дијаспората“, „За најмладите“, „Ин мемориам“ и друго. Притоа посебна нагласка е ставена на издавачката дејност, на литературните остварувања на членовите на Друштвото и активностите во македонските заедници во демократска и мултукултурна Австралија

По излегуваљето на најновиот број 55 на списанието „Повод’, во февруари 2022 година беа соопштени резултатите од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2021 година што го организира Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

За конкурсот на сите категории пристигнаа 50 дела, од кои за најдобри беа прогласени 14 творби  и тоа на: Богоја Дамјановски, Ристо Галевски, Наум Трајчески, Наум Пауноски, Велика Гатсис, Дијана Пупалевска-Мицалевска, Ристе Петрески, Оливера Јовановска, Ѓорѓи Гроздановски, Христијан Јовановски,

Во издание на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, а спонзорирано од Фондацијата „Ѓорѓија -  Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, излезе од печат луксузното монографско дело „Творештвото на Славе Катин“ (II проширено издание) од Душан Ристевски-Македони. Делото е отпечатено на 518 страници, на македонски и на англиски јазик во печатницата „Европа 92“ од Кочани. Рецензенти на оваа монографија се проф, д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Џорџ Атанасоски и Александар Донски.

313 copy

Во делото „Творештвото на Славе Катин“ (II проширено издание) од авторот Душан Ристевски-Македон се дадени текстови кои се значаен прилог и придонес кон осветлувањето на голем број аспекти од историската и творечката вистина за македонското иселеництво во светот. Публикацијата е слика за животот и делото на Славе Николовски-Катин кој е познат само како Славе Катин, кој е книжевник, журналист, публицист и аналитичар на Македонците во светот.

Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Славе Катин е вљубеник во својата татковина Македонија, во македонскиот народ насекаде по светот, а за тоа секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.

Во март 1990 година, во дванаесеттата година на печатењето се појави бројот 52, кој е печатен на формат 21 х 30 см. Тој обилува со лични творби на членовите на Друштвото, за литературното творештво на поетот Блаже Конески, за Методија Андонов-Ченто и други материјали кои се значаен придонес во афирмирањето на македонскиот народ, македонската вистина и етничка Македонија.

Инаку, целта и задачите на списанието „Повод“ е да ги обедини Македонците кои се занимаваат со пишување лични творби собрани околу Литературнто друштво „Григор Прличев“. Тоа првите три години излегуваше на три месеци, а од јануари 1981 година па потоа излегуваше различно како двомесечник или тримесечник. Се печатеше на македонски литературен јазик оо кирилица, но има и статии на англиски јазик, особено оние што се однесуваат на македонскиот јазик, литературата историјата, културата и други области од животот и активностите на Македонците на петтиот континент.

Содржината на списанието „Повод“ е разновидна. Така, секој број е посветен на по еден македонски литературен деец; Потоа се застапени рубриките: „Дела на наши членови“, „Од македонското народно наследство“, „За македонскиот јазик и литература“. „Страница од историјата“, „Јазично катче“ и „Детско катче“. Исто така, се поместени и голем број рекламно-пропагандни материјали од наши претставништва во Австралија и од македонски иселеници сопственици на разни бизниси во Сиднеј и околината.

Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во еден подолг период, како содржините „Од македонската заедница“, „Конкурс за Прличева награда“, „Новоиздадени книги“, „Историја“, „Човекови права“, „За македонскиот јазик“, „Писатели од дијаспората“, „За најмладите“, „Ин мемориам“ и друго. Притоа посебна нагласка е ставена на издавачката дејност, на литературните остварувања на членовите на Друштвото и активностите во македонските заедници во демократска и мултукултурна Австралија,

Секоја година во описанието „Повод“ се објавува конкурс, преку кој се избираат најдобрите литературни творби во годината, со учество на автори кои анонимно и шифрирано ги доставуваат своите лични остварувања од областа на поезијата, прозата и детската литература.

Вообичаено, на конкурсите нристигнуваат голем број литературни творби, од кои, поеебна комисија составена од членови на Друштвота и видни ошштественици од македонско потекло, избира три или четири поетски, прозни и детски литературни оетварувања. Наградените литературни творби се објавуваат во наредните броеви на списанието.

Така, покрај другото, во почетните години се отпечатени: Зборникот „Видици“ кој содржи бројни дела од членовите на Друштовото, потоа публикациите „Полутици“ од Душан Ристевски, „Површински корења“ и „Око вано море“ од Иван Трпоски, „Чувар на детски спомени“ од Бранко Наумовски, „Збогување“ од Горјан Маслинкоски, „Лирско ехо“ од Лилјана Тошеска и „Фрагменти на една историја“ од Џим Томев.

Овие литературни остварувања се од големо значење за јазичните и литературните процеси меѓу Македонците во светот и можност за афирмирање на културното наследство на македонските доселеници во Австралија. Тие се основа за идните литературни остварувања на Друштвото.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Ноќта меѓу сабота и недела, стрелките наназад за еден час

Во ноќта меѓу сабота и недела, стрелките еден час наназад

Иселеници

Култура и туризам

News image

Свадбите во Дебарца се прават најчесто во есен по Петковден

Свадбите во Дебарца се прават најчесто во есен по Петковден, откако ќе завршат полските работи, или ...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.